Почетна Вера Реисот Реџепи: Со чиста душа да пружиме рака еден на друг

Реисот Реџепи: Со чиста душа да пружиме рака еден на друг

192
0

Го величевме овој Месец, бидејќи Самиот Алах џ. ш. го величел одредувајќи свети датуми кои што не постојат во другите месеци на годината. Над се, во овој месец е објавен Светиот Куран, одреден е патот на честа и на моралот, на чистотата, на искрената верба, одредени се законите на љубовта, на почитта, на хуманоста, беше поставен темелот на благосостојбата, беше јасно покажано колку е лесно постигнувањето на мирот и соживотот, колку е величествена различноста што ни ја подарил Творецот на Световите, вели поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи во пораката за Рамазан.

-Браќа и сестри, почитувани верници. Денес ни е празник, го славиме Рамазан Бајрам, празник што го изразува нашето задоволство што сме муслимани, верници на Исламот, празник што го изразува нашиот понос и нашата благодарност кон Семоќниот Алах што ни ги овозможи сите овие задоволства што се доживуваат само во текот на месецот Рамазан во кој што постевме и се молевме за среќа и бериќет, како за нас така и за сиот свет. Со таква чиста душа да продолжиме и денес, пружајќи рака еден на друг, да се загрлиме како браќа, да ја израдуваме софрата на сиромашните, да ја зголемиме љубовта и грижата кон сирачињата, за нашите родители, за нашите семејства, стои во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *