легализирање на медицински поддржаното самоубиство. Според првичните резултати, околу 53% од гласачите се изјасниле „не“, додека 47% гласале „да“.
Законoт бил усвоен од словенечкото Собрание во јули 2025 година и предвидувал дека пациентите со неизлечиви болести, кои страдаат од неподносливи болки, ќе можат да побараат медицинска помош за завршување на животот.
Но, по поддршка од граѓански движења и религиозни организации кои собрале повеќе од 40 000 потписи за свикување референдум, законoт беше ставен на гласање. Според правилата, доколку мнозинството гласа против, примената на законот ќе биде суспендирана најмалку една година.
Во меѓувреме, словенечкиот премиер Роберт Голоб ги повикал гласачите да го поддржат законот, истакнувајќи дека „секој треба да може достоинствено да одлучи како ќе заврши својот живот“, додека Католичката црква во земјата го критикувала законот, наведувајќи дека тој „е во спротивност со Евангелието, природниот закон и човечкото достоинство“.

