Реџепи пред Рамазан: Рамазан за секој муслиман е поука што упатува кон искрената почит и љубов
201
0
Реисул Улема на ИВЗ на РСМ, х. Сулејма еф Реџепи пред почетокот на Светиот Месец Рамазан ги повика муслиманите на достоен пост кој не е обично воздржување од храната и пијалоците.
-Рамазанот е всушност соочување на верникот со крстопатот на животот, моментумот во кој што тој јасно го отфрла злото и застанува на страната на доброто и добрината, прифаќајќи ги како основни принципи на Исламот според кои треба да се води во животот. Светиот Месец Рамазан за секој муслиман е поука што упатува кон искрената почит и љубов за Семоќниот Алах џ.ш, вели Реџепи во пораката.