Почетна Вести Ислам Реџепи ќе биде повикан на распит во обвинителството за говор на омраза
Реџепи ќе биде повикан на распит во обвинителството за говор на омраза

Реџепи ќе биде повикан на распит во обвинителството за говор на омраза

38
0

Реисот Сулејман Реџепи се очекува наскоро да биде повикан на распит во Обвинителството, за ширење на говор на омраза, најавуваат од Обвинителството, посочувајќи дека против него веќе има оформен предмет, кој дополнително ќе биде прецизиран по неговото обраќање од синоќа и изјавата за судијката која донела одлуката Скендер Бузаку да биде нов поглавар.

Од обвинителството велат дека ги следат случувањата и дека овој случај ќе го спојат во предметот кој веќе го има отворено обвинителството против Реџепи, а по пријава од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

-Обвинителството ги следи случувањата и во рамките на претходно отворениот предмет за говор на омраза ќе биде додаден и овој предмет. Лицето ќе биде повикано во Обвинителството во врска со вчерашната дадена изјава, велат од Обвинителството.

–Оваа женска ова не го направила сама. Јас слушам дека таа има нешто проблем со здравје, но не ја жалам, таквите нека починат што побргу, рече Реџепи синоќа.

Кривичната пријава Реџепи ја заработи пред само две недели кога за време на церемонијата на поставување камен темелник на џамијата во скопското село Арнакија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *