Почетна Политичка теологија Речиси секој втор Американец не знае дека Бајден е Католик
Речиси секој втор Американец не знае дека Бајден е Католик

Речиси секој втор Американец не знае дека Бајден е Католик

104
0

Џо Бајден е вториот Католик Претседател во историјата на САД, по Џон Кенед. Повеќето возрасни Американци знаат дека Бајден е Католик, вклучително и мнозинството во двете најголеми политички партии, според новото истражување на Истражувачкиот центар Пју Рисрч.

Но, партиските сличности во ставовите за религијата на Бајден завршуваат тука. Републиканците и демократите имаат многу различни ставови за тоа колку е религиозен Бајден. Овој политички јаз се протега дури и на колегите католици на Бајден, кои се длабоко поделени по партиски линии околу тоа дали ставовите на Бајден за абортусот треба да го дисквалификуваат од причестувањето.

Севкупно, приближно шест од десет возрасни Американци – вклучувајќи 63% од демократите и независните кои се наклонуваат кон Демократската партија, заедно со малку помало мнозинство републиканци и републикански наклонети (55%), знаат дека Бајден е Католик.

Повеќето од останатите велат дека не се сигурни која е религијата на Бајден, додека околу еден од десет вели дека Бајден практикува друга религија или дека не е религиозен.

Додека мнозинството во двете партии знаат дека Бајден е католик, тие длабоко не се согласуваат за улогата на религијата во неговиот приватен и јавен живот. Скоро девет од десет демократи велат дека Бајден е барем „донекаде“ религиозен, вклучително и 45 отсто кои велат дека мислат оти тој е „многу“ религиозна личност. Спротивно на тоа, речиси две третини од луѓето кои се идентификуваат со, или се приклонуваат, кон Републиканската партија (63%) велат дека Бајден „не е премногу“ или „воопшто“ религиозен.

Во целина, уделот на Американците кои велат дека Бајден е „многу“ или „донекаде“ религиозна личност се зголеми од 55% во февруари 2020 година на 64% сега.

Анкетата, исто така, открива дека тенкото мнозинство републиканци Католици (55%) сметаат дека ставовите на Бајден за абортусот треба да го дисквалификуваат од причест во Католичката црква. Но, речиси девет од десет католички демократи (87%) се на другата страна на ова прашање, велејќи дека на Бајден треба да му се дозволи да ја прими Евхаристијата.

Повеќето возрасни лица во САД пак не ја познаваат религиската припадност на потпретседателот Камила Харис

Јавноста е помалку запознаена со нејзиниот верскиот идентитет. Две третини од возрасните во САД не се сигурни каков е верскиот идентитет на Харис, додека само 12% велат дека таа е протестантка (Харис се идентификува како баптистка).

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *