Речиси цел синод на МПЦ-ОА на служба во Белград – нема детали кој е поводот
Речиси целиот Синод на МПЦ-Охродската Архиепископија денеска е во Белград на служба со Српскиот Патријарх Порфириј и со владиците на СПЦ.
Во веста што ја објави ТВ Храм, пишува дека во неделата на Светиот Отец Првиот вселенски патријарх, г Порфириј чиноначалствува со Светата литургијата во Соборниот храм Свети Архангел Михаил во Белград, каде на Порфириј му слослужува Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан.
Во литургијата учествуваат Митрополитот Петар, Тимотеј Агатангел, Пимен Григориј, а од страна на СПЦ, епископоите Фотиј, Давид, Стефан, Јеротиј, Јустин Нектариј.
Молитвено учество во литургијата имаат владиците на МПЦ-ОА. Јосиф, Климент, а од страна на СПЦ, Иринеј Буловиќ, Сава, и пензионираниот Георгиј.
Според текстот на ТВ. Храм во белград не се само, владиците Наум, Иларион, Методиј, Јаков и Партениј.
Кој е поводот за ова сослужување, Тв. Храм не пишува.
Повеќе детали во текот на денот.
ФОТОГАЛЕРИЈА: