Почетна Политичка теологија Речиси 72 отсто од средношколците и студентите ги почитуваат верските вредности на лицата од друга вероисповед

Речиси 72 отсто од средношколците и студентите ги почитуваат верските вредности на лицата од друга вероисповед

75
0

Речиси 72 отсто од средношколците и студентите од Скопје се согласни дека благосостојбата на едно општество зависи од тоа колку сме толерантни едни кон други, и колку ги почитуваме верските вредности и погледи на личноста од другата вероисповед, а девет отсто не се согласуваат со тоа. Над 21 отсто имаат мала доверба во црквите и верските заедници, 15,5 отсто имаат многу мала доверба, над 24 отсто многу голема доверба, а 34,6 отсто голема доверба.

Ова го покажале резултатите од истражувањето со кое биле опфатени 1.202 испитаници од сите верски заедници кои одговарале на прашања од верска природа, што денеска на трибина „Младите и религијата“, ги презентираше директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

На прашањето дали се согласувате дека религиозноста прави од Вас подобри луѓе, 62,8 отсто одговориле дека се согласуваат, 14,2 отсто дека не се согласуваат, а 18 отсто дека не знаат.

Од испитаниците, 48,3 отсто сметаат дека е позитивно црквите, верските заедници и религиозни грипи да имаат свои медиуми со програма прилагодена за сите гледачи. За 16,7 отсто од испитаниците верските заедници воопшто не соработуваат меѓу себе, 29,4 отсто многу малку соработуваат, а 40,7 отсто сметаат дека имаат одредена соработка.

Според 51,6 отсто од испитаниците верското образование треба да биде дел од образовниот систем, а 38,4 отсто сметаат дека етика на религиите е најсоодветен тип за запознавање со религиите. За 43,3 отсто предметот „етика на религиите“ треба да биде факултативен, а 31,2 отсто задолжителен. Над 53 отсто од нив се согласуваат дека верските заедници со своето делување влијаат врз општествениот морал во државава.

За 50,3 отсто од испитаниците, изградбата на нови верски објекти често е во функција на етничко означување на територија, додека 14,2 отсто не мислат така. За 48,8 отсто донекаде се почитуваат верските права и слободи во државава, 14,4 отсто сметаат дека не се почитуваат, а 28,3 отсто дека се почитуваат.

Сотировски рече дека Комисијата за односи со верските заедници годинава првпат по повод 21 мај, Светскиот ден на културната разноликост, на дијалогот и на развојот, одлучила да почне со одржување на манифестацијата „Недела на заедничка молитва“, со цел да ги истакнат напорите на верските заедници во државата за општествена кохезија, за заеднички напредок, грижа за животната средина, за младите, за социјално ранливите категорија граѓани и за многу други на кои им е неопходна зголемен обем на грижа во општеството, да направат една заедничка молитва преку дела надвор од верските ритуали на одделна верска група. Посочи дека во рамки на манифестацијата денеска го одржуваат првиот настан односно трибина.

– Резултатите потврдуваат дека во државата има сериозно религиозно население, односно голем број од населението е религиозно, а тоа се отсликува и кај младите. И покрај нивната вера сепак остануваат отворени одредени прашања, како што се недоволната доверба во верските заедници, третирањето на медиумите на верските прашања и случувања младите ги оценуваат како недоволни и сметаат дека медиумите не ги третираат постојано позитивните страни во верските заедници и случувања, туку повеќе прават сензација од негативните случувања, истакна Сотировски.

Проф.д-р Зоран Матевски од Институтот за социологија при Филозофскиот факултет рече дека една третина од младите покажуваат религиозност, треба да се работи на посетата на религиските храмови, што е на низок степен. Половина од испитаниците, како што потенцира, ја читаат Билбијата или Куранот…

– Висок процент млади покажуваат исклучително чувство на религиска толеранција кон другиот односно дека ги почитуваат верските вредности и погледи на личност од друга вероисповед. Тие сметаат дека религијата ги подобрува моралните норми и очигледно е дека предметите даваат резултат и религиските морални норми го пополнуваат вакумот на морални норми што се во криза во државава, рече Матевски.

Продеканот за меѓународна соработка на Богословскиот факултет, проф.д-р Милан Ѓорѓевиќ повика на позастапено вклучување на верските заедници во спроведувањето и осмислувањето на ваквите и слични проекти.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *