Почетна Вести Европа Реакција за грчкото признавање на ПЦУ преку повторувањето на Полска
Реакција за грчкото признавање на ПЦУ преку повторувањето на Полска

Реакција за грчкото признавање на ПЦУ преку повторувањето на Полска

239
0

После вревата која беше предизвикана од одлуката на Грчката црква да стави крај на трилерот признавање на Украинската црква, поддршка за Руската црква дојде преку Варшава, каде Синодот на Полската црква по четврти пат одлучи да го потврди своето несогласување да им се даде автокефалија на „расколниците“.

Повторувајќи ја всушност истата одлука која во последново време веќе трипати ја има донесено, Полската црква од една страна не го негира правото на Украина да добие автокефална црква – зашто такво нешто директно би ја довело во прашање нејзината сопствена автокефалија која ѝ е дадена од Константинопол кој од дотогашната црковна јурисдикција на Киев ја отцепил територијата на денешната Полска црква – но уште еднаш изразува негодување по прашањето за ракополагањата на клириците од автокефалната црква, за кои повторува дека не може да ги признае.

Оваа реакција, која доаѓа само неколку дена после објавувањето на мирното писмо од Претстојателот на Грчката црква до митрополитот Киевски Епифаниј, во никој случај не може да се смета за случајна, особено во внатрешноста на Руската црква, која на секој начин се обидува да покаже дека има контрола.

Пишува: Захос Кареклас

Извор: Ортодоксија инфо

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *