Почетна Вести Реакции за инцидентот со џамијата во Гостивар
Реакции за инцидентот со џамијата во Гостивар

Реакции за инцидентот со џамијата во Гостивар

285
0

Крст испишан на дел од објектот на Саат џамијата во Гостивар предизвика остри реакции во јавноста. Турската демократска партија во Македонија остро го осуди инцидентот предизвикан од страна на непознати лица. Во соопштението на ТДП, се истакнува дека ваквите грди напади се игра на оние кои сакаат да посеат семе на омраза меѓу верите и народите.

-Бараме од Министерството за внатрешни работи да ги пронајде непознатите сторители на ова дело, кои сакаат да го посеат семето на поделби во Гостивар, град во кој со стотици години заедно живеат различни народи со различни вери и да ги прекинат игрите кои сакаат да ги играат“, се вели во соопштението на ТДП.

Министерството за внатрешни работи на Македонија со соопштение ели дека во нападот е изведен во недела, а случајот во полиција е пријавен од страна на вработените во Исламската заедница во Гостивар. Во соопштението се наведува дека непознати лица, користејќи црвена боја исцртале крст на метален електричен ормар до оградата на џамијата, додавајќи дека гостиваркста полиција започнала истрага во врска со случајот.

За настанот реагираше и поглаварот на ИЗВ, Сулејман Реџепи, посочувајќи дека настанот е обид за предизвикување на меѓуверски конфликт.

Според него, ваквите дела се политички игри за да се одвлече вниманието од актуелната политичка криза. Тој апелираше до сите муслимани во земјата да бидат повнимателни и како што рече, да не потпаѓаат под разни провокации во оваа тешка ситуација во која земјата се наоѓа.

Реџепи рече дека поглаварот на Македонската православна црква секогаш се обидувал да ги ублажи православните верници да не се случуваат вакви инциденти, но во сегашната ситуација во земјата, вели тој, Православната црква не е во состојба да го контролира политичко прашање.

-Македонската страна треба да биде внимателни и да не провоцира, затоа што ние муслиманите никогаш не сме ги провоцирале”, изјавил Реџепи за Агенцијата Анадолија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *