Почетна Анализа Разрешениот бугарски Архимандрит: БПЦ сака да и се допадне на Москва
Разрешениот бугарски Архимандрит: БПЦ сака да и се допадне на Москва

Разрешениот бугарски Архимандрит: БПЦ сака да и се допадне на Москва

343
0

Црквата не е управувана од Патријархот, туку од луѓе поврзани со БКП и во неа има многу нерегулирано богати луѓе. Ова, во изјава за бугарската телевизија „БТВ“ го изјавил поранешниот старешина на соборниот храм “Александар Невски” во Софија, архимандритот Дионисиј, кој сега е разрешен од оваа функција.

bpc dionisij 1Дионисиј со новинарите на 2БТВ“ разговарал во својот апартман, за кој новинарската екипа забележала дека е екстремно луксузно уреден.

-Зошто човек да стане епископ во услови кога во Бугарската православна црква немаш што да управуваш, бидејќи целата БПЦ не се управува ниту од Патријархот, ниту од Светиот синод. Таа се раководи од систем кој е структуриран многу одамна во минатото. Тој систем може навидум да е уништен, но луѓето кои биле на чело, се уште ги има. Станува збор за БКП, Државна безбедност била сервисен персонал. БПЦ се сообразува со оние кои сакаат да и се допаднат Москва, изјавил свештеникот за „БТВ“

bpc dionisij 3Тој вели дека “вистинскиот бугарски патријарх” не се нарекува Неофит, кој бил само номинално на функцијата.

Критичарите пак го обвинуваат за алчност и прекумерна љубов кон луксузот, на што Дионисиј одговора

-Луксузот е нешто што го сакаат други луѓе, им одговора Дионисиј.

bpc dionisij 2-Јас сум тука во мојот манастир, им рекол на новинарите на „БТВ“, Дионисиј покажувајќи им ја епископската одежда, не успеа да ја облече, бидејќи иако избран за Епископ, не беше никогаш хиротонисан. Новинарите на „БТВ“ велат дека таа одежда чини околу 3000 лева, или 1500 евра, но, според него, таа била подарок.

Поранешниот старешина на „Александар Невски“ вели дека неговата платата е 820 лева, и дека сега се издржува со помош на мајка си, со која живее и наследството од својот татко.

Динонисиј беше разрешен од функцијата по скандалот со огнометот за велигден, а пред тоа и голем број јавни личности се изјаснија против неговото устоличување за епископ.

/БТВ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *