Почетна Вести Христијанство Разбојник украл пари и предизвикал пожар во црква во Лисиче
Разбојник украл пари и предизвикал пожар во црква во Лисиче

Разбојник украл пари и предизвикал пожар во црква во Лисиче

331
0

Од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево, на 14 септември, при обид за тешка кражба во црквата „Св. Петар и Павле“ на улица Горно Лисиче бил фатен и лишен од слобода 25-годишниот Ѓ.П. од Скопје.

Како што информираат од МВР, тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, при што 25-годишникот ги појаснил делата извршени во помошните простории на црквата.

Имено, истиот ден, тој со употреба на сила влегол и во капелата „Христово воскресение“, одзел пари и предизвикал пожар, кој за кусо време се изгаснал.

Во координација со Јавен обвинител, против него ќе следува соодветна кривична пријава.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *