Расте заинтересираноста за Православието во Шведска

Date:

Share post:

Попладнето на 6 ноември 2025 година, во гостопримливите простории на катедралата „Св. Георгиј“ во Стокхолм, се одржа четвртата последователна средба на огласените и новопросветените од Шведската митрополија. Присуствуваа педесетина млади луѓе лично, а уште дваесет и пет се вклучија онлајн.

Митрополитот Клеопа од Шведска и цела Скандинавија повторно беше главен говорник, обраќајќи се на англиски јазик поради големата културна и национална разноликост на присутните. Темата беше продолжение на предавањето „Мисионерската дејност на Црквата низ светот“.

Владиката подробно говореше за апостолскиот идентитет на Православната Црква и за современото сведоштво на верата на сите континенти. Учесниците поставуваа продлабочени прашања, а Митрополитот даваше пастирски и аргументирани одговори.

На крајот следеше послуга во чест на сите присутни, особено младите кои ревносно служат во различни активности на локалната Црква.

Следната средба ќе се одржи во четврток, 20 ноември 2025 година, во 18 часот, на истата локација, со која ќе започне нов циклус тематски предавања.

/orthodoxtimes

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Научна конференција по повод 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Софија

На Богословскиот факултет при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи научна конференција под наслов „In unum...

Рускиот патријах без одлука на Синодот разрешува непослушни владици

Касно вечерта на 8 ноември рускиот патријарх Кирил ненадејно го разреши патријаршискиот егзарх за Западна Европа – Корсунскиот...

Собранието на епископите на САД: „Забрзан раст на Православието во Америка“

Собранието на канонските православни епископи на Соединетите Американски Држави се собра во Денвер, Колорадо, од 6 до 8...

Архиепископот на Австралија Макариј доби почесен докторат од Универзитетот во Тесалија

Со свечена академска церемонија во Лариса на 11 ноември, Архиепископот на Австралија, г. Макаријос, беше одликуван со почесен...