Почетна Вести Расте бројот на радикални исламисти во Германија
Расте бројот на радикални исламисти во Германија

Расте бројот на радикални исламисти во Германија

29
0

Во Германија има околу 43.000 граѓани поврзани со исламистичките групи, а од нив 11.000 се сметаат за лица со терористички тенденции, сметаат германските безбедносни служби.

Според анализите на германските експерти, како што јави дописникот на МИА од Берлин, бројот на лицата кои се сметаат за радикални следбеници на исламот е во постојан пораст а особено е загрижувачка информацијата дека најголемо зголемување има кај ултра конзервативната група Салафисти.

radikaliОколу 8.650 луѓе се сметаат за членови на оваа сунитска религиозна група која се залага за реформи во Исламот базирани на неговото конзервативно толкување.

Од 11.000 исламисти, потенцијални терористи, 548 луѓе се сметаат за способни да спроведат терористички напади. Од нив половината се во Германија од кои 80 се вв притвор. Дополнително во земјата живеат уште 360 луѓе, кои би дале логистичка поддршка за политички или верски мотивиран криминал од поголеми размери.

Досега над 800 радикални исламисти од Германија престојувале во конфликтните зони во Сирија и Ирак, каде се бореле во редовите на исламски терористички групи. Од нив во земјата се вратиле една третина, а 70 имаат борбено искуство.

Претставници на германскиот синдикат на полициски работници во неколку наврати се пожали дека германските служби за безбедност немаат доволно ресурси за следење на сите потенцијално опасни граѓани за јавната безбедност.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *