Почетна Вести Распродадени аранжманите за Ватикан, прогласувањето на Мајка Тереза туристичка атракција
Распродадени аранжманите за Ватикан, прогласувањето на Мајка Тереза туристичка атракција

Распродадени аранжманите за Ватикан, прогласувањето на Мајка Тереза туристичка атракција

111
0

Неколку туристички агенции од Скопје од прогласувањето за светица на Мајка Тереза во Ватикан направија туристичка атракција, пишува дневниот весник „Вест“.

Туристичките работници понудија неколкудневни аранжмани за Рим каде што во светата престолнина Ватикан Македонци ќе може да присуствуваат на несекојдневната церемонија која ќе ја води папата Франциск.

Според тур-операторите коишто ги контактирале од „Вест“, најголем интерес имало за авионскиот пакет-аранжман со две ноќевања, додека автобускиот шестдневен аранжман е откажан бидејќи за него не биле обезбедени патници.

st vatican 3-Авионскиот аранжман кој чини околу 400 евра е целосно распродаден. Лицата кои што го уплатија ќе имаат можност да присуствуваат на прославата на плоштадот “Свети Петар” во Ватикан на самото прогласување на Мајка Тереза за светица. Прославата ќе се одржи во недела на 4 септември, велат во изјава за „Вест“од туристичката агенција којашто го организира патувањето.

Освен на церемонијата за канонизација, туристите од Македонија ќе имаат можност да ги разгледаат ватиканските музеи и црквата “Свети Петар”, а предвидена е и целодневна посета и на други историски знаменитости низ Рим.

Освен туристите, од Македонија на чинот на прогласувањето за светица ќе присуствува и државно -црковна делегација предводена од претседателот на државата Ѓорге Иванов. На свеченоста, покрај македонскиот претседател, ќе присуствуваат министерот за надворешни работи, Никола Попоски и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, делегации на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, градоначалникот на Град Скопје, како и член на фамилијата на Мајка Тереза.

Своето присуство на манифестацијата во Рим го потврдија и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, Никола Груевски, Зоран Заев и Али Ахмети.

На канонизацијата на Мајка Тереза се очекува присуство на многубројни верници и важни гости од целиот свет. На свеченоста посебно место ќе имаат Македонија како земја на нејзиното потекло, раѓање и образование, соседна Албанија и Индија каде што таа ја врши својата хуманата мисија.

/ВЕСТ 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *