Почетна Коментар Расколот во православната црква- пораз за Путин
Расколот во православната црква- пораз за Путин

Расколот во православната црква- пораз за Путин

253
0

Претстојното воспоставување на независна православна црква во Украина е удар за обидите на Владимир Путин да ја задржи земјата во орбитата на Москва но и модринка за Руската Православна Црква, смета Константин Егерт, во колумна за „Дојче Веле“

Во катедралата Света Софија во Киев, која е во моментов музеј, има скеле и бучава. Ја посетив црквата, која може да се пофали со некои од најубавите средновековни мозаици во централна Европа, на почетокот на октомври. Реновирањето таму не е случајно. Катедралата, најверојатно, ќе биде местото каде што емисарите на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I свечено ќе ги прочитаат неговите „томоси” (на грчки јазик „декрети“), давајќи ѝ самоуправа на Украинската Православна Црква.

Додека се утврди точниот датум на доделување на автокефалност или независност на Украинската православна црква, со одлука на екуменската патријаршија во Истанбул (која од деновите на Византиската империја традиционално се нарекува Константинополска патријаршија) да продолжи со тоа, ги доведе до целосен колапс односите со Руската православна црква.

„Московската црква“, како што често се нарекува во Украина, е најголемата православна заедница во земјата. Таа има административна независност, но Москва ја гледа како духовен дом. Московските патријарси ја имаат Украина под канонска јурисдикција од 1688 година, кога Цариградскиот патријарх, Дионисиј IV, им даде право на патријарсите на Руската црква да ги назначуваат киевските митрополити.

Цариградската Патријаршија, која датира речиси од 17 век, е најстарата од 15 автокефални православни цркви. Царигградскиот патријарх се смета за „прв меѓу еднаквите“ меѓу другите православни архиереи. Патријархот Вартоломеј вели дека декретот од 17 век е привремено решение и ја означува како легитимна својата одлука за враќање на контролата над Украина. Во подготовките за давање на целосна независност на украинската црква во иднина, тој ги укина екскомуникациите на двете претходно непризнаени украински православни цркви кои беа наметнати откако се отцепија од Москва во 90-тите години.

Ова доведе до лут одговор од московскиот Патријарх Кирил. Тој во понеделникот претседаваше со Светиот Синод на Руската Православна Црква. Таа одлучи да ги прекине сите официјални врски со екуменската патријаршија. Ова значи дека руските свештеници не можат да учествуваат во црковни служби заедно со константинополските свештеници, а верниците не можат да се причестат во црквите на екуменската патријаршија.

Загубата на Путин е добивка за Порошенко

Ривалството меѓу екуменската патријаршија и Руската Црква не е ништо ново. Првата е најстара црква, но доста мала по број. Втората, независна дури од 16. век, е најбогата и има најмногу следбеници. Во 1996 година московскиот патријарх Алексеј Втори во тоа време ги прекина неколку недели сите врски со Константинополската црква поради спорот околу православната јурисдикција во Естонија. Земјата заврши со две православни цркви – едната лојална на Москва, а другата на екуменската патријаршија.

Сепак, кризата околу украинската автокефалност е најсериозна во поновата историја. Откако Владимир Путин го анектираше Крим и, всушност, ја нападна источна Украина во 2014 година, Патријархот Кирил верно ја следеше линијата на Кремљ. Во своите јавни соопштенија тој ја оплакуваше „граѓанската војна во братската земја“ и ги нарекуваше Русите и Украинците „еден народ“. Овие тврдења ја негираат реалноста на руската инвазија и украинската државност. Локалниот шеф на промосковската Украинска православна црква, Митрополитот Онуфриј, го прави истото – иако на попретпазлив начин.  Ова доведе до реакција во украинското општество, каде „московската црква“ се’ повеќе се гледа како агент на Путин и како пропагандна алатка. Повиците за автокефалност се засилија од 2014 година. Патријархот Кирил ја влоши ситуацијата во 2016 година, кога во последен момент одби да присуствува на Пан-православниот собир на грчкиот остров Крит со кој претседаваше патријархот Вартоломеј. Тој, исто така, ги убеди поглаварите на Грузиската, Бугарската и Антиохиската Православна Црква да го сторат истото. Екуменскиот патријарх го виде ова како обид да се поткопа неговиот авторитет и оттогаш засилено ја заострува позицијата кон Москва. Кога украинскиот претседател Петро Порошенко побара од него да и’ даде независност на украинската црква, патријархот Вартоломеј го искористи моментот.

Ова не значи дека московската Патријаршија ќе биде забранета од Украина. Нејзините закони дозволуваат слобода на верско здружување. Засега, многу епархии  ќе продолжат да се молат за патријархот Кирил како нивни духовен поглавар. Меѓутоа, процесот на одвојување од сето она што е руско, кој стана акутен поради војната, со текот на времето ќе доведе до тоа сè повеќе верници да се приклучат кон новата независна украинска црква.

Таа речиси ќе стане носител на украинскиот патриотизам со мала нијанса на национализам. Ова е неизбежна последица за зајакнување на украинската нација, која беше поттикната од агресијата на Путин.
Претседателот Порошенко, кој се соочува со реизбори во 2019 година, е големиот победник. Патријархот Кирил и Владимир Путин се големи губитници. За тоа се самите виновни.

Пишува: Константин Егерт /DW.COM

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *