Почетна Коментар Раштиманиот црковен оркестар
Раштиманиот црковен оркестар

Раштиманиот црковен оркестар

2.22K
2

Неодамна бев на една меѓународна конференција во Охрид на која се дебатираше и се анализираа мировните договори  во Европа, пред се од религиски карактер, дефинирани како тема: „Религија, мир и толеранција и што научивме од минатото?“

Тоа беше навистина инзвонредено искуство, оплеменето со исклучително важни универзитетски професори во Европа и Светот, од кое може да се научи дека ние, (мислам на луѓето во Европа), сè уште не сме научиле ништо од минатото.

Размислувајќи некако за ова сакав да го преточам во македонската рамка, историска, религиска и да најдам кај сме сега ние, новите генерации во тоа.

Да бидем искрен, во првите 30 минути од тој симпозиум во кој зборуваа странци за Британија, Италија, Германија, зборуваа за Европа, јас ја препознав Македонија. Да, сè ова некако ми коинцидираше со темата околу македонската црковна трагедија.

Навистина кога денес МПЦ-ОА е на прагот да ја воскресне својата црковна независност и да го комплетира државотворниот и национален идентитет на светската мапа како автентична, македонска алка во европската и светската политичка и религиска карта, дали нешто сме научиле од минатото? Јас искрено мислам НЕ!

19. век е најтрагичната историја за посебниот црковен идентитет на Македоницте. Тоа е векот на модерниот етнофилитизам во кој Македонците се жртва на Патријаршискиот и Егзрахистичкиот конфликт. Тој конфликт не завршува со мировен договор, но завршува со трагедија на македонскиот црковен идентитет. Иако Македониците, или населнието од територијата на географска Македонија, вклучувајќи ја и дешната современа држава Македонија (Северна Македнија) ја гледале Егзархијата како своја, словенска црква, за жал таа на крајот се претвора во првата современа етнофилетистичка црква, гордо дефинирајќи се како Бугарска егзархија. И тоа е едната страна. Другата страна во тој црковен конфликт, кој и со меч ја брани својата вистина, е патријаршискиот избор. Во тој 19. век, Македонскиот црковен идентитет е растргнат на две страни, Патријаршиски и Егзархистички. Впрочем и денеска речиси и да нема поголем град во кој и нема две цркви, кои населението тогаш ги дефинира како Грчка (затоа што била патријаршиска и се служело на грчки јазик) и Бугарска (затоа што била словенска, во раскол со Вселенската патријаршија, и се служело на словенски, јазикот што бил домицилно разбирлив на населението).

Но што од тоа добија Македонците?

Ја добија Српската црква, го добија Фермилијан Дражиќ. Добија српско духовно туторство. Историското искуство од лекцијата што и денес не успеваме да ја научиме е дека црковната трагедија од тој 19. век, и денес ни се повторува. Разликата од тогаш и сега е што сега има што да загубиме. Ќе го загубиме она што гернерации го сонуваа и го градеа, знаејќи што прават. Знаејќи дека и расколот, ако е искрен и вистински во намерата, ќе роди плод.

Да биде појасно. Историјата нè учи дека водејќи внатрешно национална војна за две разични црковни центри, Македонците добија сосема друга црковна власт за која ниту мислеле  дека ќе биде во можност да ја наметне својатна духивна сила. За жал на Егрзахистите и Патријаршистите од тоа време, духовен победник беше СПЦ. И сè така до периодот кога една друга генерација, тргна по еден друг пат. За многумина исправен, за многумина неисправен. Историјата сепак ќе оцени кој бил во право.

Но, се ми се чини како денес историјата дека се повтрува.

Овие денови во Македонија е комплетното тело за црковна дипломатија на Руската Православна Црква. На јавноста ѝ се продаваат басни за некакви честитки за именденот на Поглаварот, а во суштина се креираат стратешки односи меѓу МПЦ-ОА и Руската и Српската црква. Во таа стартегија активно учестваат барем најмалку двајца владици на МПЦ-ОА и една поширока црковно-општетсвена структура на руски протагонисти. Нивната цел е комплетно врзување со Москва, бидејќи таа ќе го спасела „македонството во црквата“. Уште да го комплетираат тоа со служење во Охрид, како нововостоличениот трон на панславизмот, и да нема назад за нас како автентична Црква, туку како таква – растргната и непрепознатлива.

Од друга страна, пошироката црковна јавност, огромен дел од владиците на МПЦ-ОА, знаат дека македонското црковно прашање не е завршено со одлуката на СПЦ и нејзиниот „Томос“ и дека финиширањето на работите подразбира издавање на легитимен Томос од Вселенската Патријаршија за целосно прифаќање на македонската автокефалност во Православниот свет. Тоа конечно решение подразбира и впишување на МПЦ-ОА во диптихот на православните цркви  под нејзиното еклисолошко име како Охридска Архиепископија, бидејќи националните имиња не соодвествуваат со канонските правила. Но овде, во оваа втора страна има две под категории, едни кои мислат дека патот е тој и малку потежок и по него побавно треба да се оди, и други кои сметаат дека ако не се побраза по тој пат ќе се изгубиме во некои споредни улици. За таа цел, оваа група последната година користи една стратегија на сервилност кон Вселенската патријашија.

Во оваа, современа македонска црковна драма веќе извесно време припадниците на проруската структура ја користат токму оваа сервилност кон Фанар, за остварување на своите цели злупотребувајќи ја емотивната национална компонента и секојдневно пронаоѓајќи и прогласувајќи некакви предавници, Фанариоти во внатрешните редови на МПЦ-ОА.

Последен типичен пример како им се дава свежа крв на ваквите квазипатриоти беше случајот со телевизискиот пренос на МРТВ од Божикниот концерт. Архиепископот г.г. Стефан, изненадувачки, лично и јавно реагираше до МРТВ поради кајронот на кој не била испишана неговата целосна титула. Наместо Архиепископ Охридски и Македонски, пишувало Архиепископ Охридски. Одговорот од МРТВ укажа дека грешката е направена по „инисистирање и барање на органзиаторот на концертот“. Организаторот на концертот пак тврди дека станува збор за ненамерен пропуст.

Кој и како е во право во оваа ситуација е веќе второстепено, примарно е што овој пример покажува колку е кревко, подложно на манипулации, и колку е важно националното чувство во оваа приказна. Да! Архиепископот има легитимно право и добро е што реагирал, затоа што во вакво комплицирано време недозволиво е некој да му ја менува титулата што ја има, особено не на националната телевизија и особено кога сè уште нема решение. Оваа реакција е оправдана и во контекст на тоа што само неполни десет дена претходно Архиепископот оправдано реагираше за јавните настапи на една од личностите, дел од руските протагонисти, кои себе си препишуваа заслуги за признавањето на МПЦ-ОА и невистинито деградираше луѓе внатре во Црквата. Но, да бидеме доследни до крај. Комплетната принципиелност на Архиепископот би требало да заврши со јавна реакција и до Српскиот Патријарх Порфириј, кој веќе воспостави пракса на јавно спомнување на литургиите за поглаварот на МПЦ-ОА, како Архиепископ Охридски, бидејќи тоа е идентично кршење на веќе потпишаниот договор за меѓусебно признавање. Треба јавно да изреагира и кај бугарскиот Патријарх Неофит, кој се дрзна да го ословува со најпонижувачката титула, Архиепископ Северномакедонски. Така ќе биде комплетна и вистинска реакцијата…

Но, во приказната најважно е како се случил пропустот, намерен или ненамерен на МРТВ?

За јавноста, а особено за проруските протагонисти во МПЦ-ОА, нема дилема дека организиаторот на концертот Здружението Бадникови Поворки е блиско, до Бигорската Обител. Тоа е токму оваа групација, што смета дека треба да се оди побрзо по патот до конечната автокефалност. МРТВ вели дека Архиепискпот е потпишан така на „инсистирање“  од организаторот. Организиаторот вели дека е грешка настаната во момент кога одел преносот. Но, важно е нешто сосема друго. И да е ненамерна грешка, тоа покажува колку околината околу Бигорски е воплотена во сервилноста кон Фанар, што и потсвесно се оди на стратегијата да се угоди.

Колку и да е добронамерна позицијата на оваа свештена обител, ( овде не зборувам за нивната големина и важност за плодови за МПЦ-ОА како жива Црква), со цел што полесно и побргу да се дојде до конечното признавање на автокефалноста, толку повеќе овие постапки создаваат контра ефект. Тоа што нема да се спомене целосната титула на Архиепископот, или нема да се спомне името на МПЦ-ОА, нема да им угоди на патријаршијата во Фанар, туку само ќе ја зајакне руската пропаганда во МПЦ-ОА и против Бигорски, но што е уште поважно и против Вселенската Патријаршија. Не!. Не се постигнува целта со тоа што ќе внимавате повеќе од потребно што и како ќе напишете дома, за му удоволите на нечија чувствителност.  Дополнително, веењето на жолтите знамиња, колку и тие да се дел од византиската историја, каде што имаме удел и ние, нема да ја направи МПЦ-ОА нит помалку нит повеќе автокефална, бидејќи тоа создава една друга, непотребна перцепција. Зошто побогу им се дава аргумети и поткрепа на тезите за некаква предавничка, антимакедонска црковна структура по манастирите, нешто за што двајца ретроградни владици плаќаат и медиумски написи против Бигорски и мотивираат секаква декаденција по социјалните мрежи. Може ли некој од креаторите на оваа стратегија на непотребна сервилност да разбере дека на тој начин само дополнително ќе ја подели црковната јавност. Колку и да е исправен патот што го заговара Бигорски, по него се оди низ македонските калдрми пешки, не на патријаршиски коњ на пат послан со цвеќиња.

На јавноста мора да ѝ се објаснува суштината дома, не да се угодува по надвор. Вселенскиот патријарх е космополит, Вселенската Патријаршија ги знае македонските проблеми. Никој нема да се разгневи, ако ние дома си го практикуваме она што е наша реалност. На крајот од денот, во приказната треба да се победат руските протагонисти, а не да им ги приклучите оние што искрено веруваат во вистинската автокефалност.

И на Бигорски, како и на МПЦ-ОА, им недостасува стратегија за комуникација со јавноста. Тоа е суштинскиот проблем на Црквата изминативе години. Таа стратегија подразбира промоција на своите нацонални и црковни интереси, а не создавање недоверби и конфронтации.

Дополнителен проблем е што веќе одамна во Синодот на МПЦ-ОА нема авторитет кој може да удри на маса и да рече Доста! Да згрми и да го постави македонскиот црковен интерес во прв план. Жално и трагично е што младата генерација владици нема никаква храброст за да понесе каква било одговорност за суштинските прашања. Во недосататок на таков аворитет најопасната комбинација за МПЦ-ОА е сојузот на Владиката Петар и Владиката Тимотеј, кои заедно со Архиепископот Стефан сега го сочинуваат работниот состав на Синодот на МПЦ-ОА. Историкските искуства покажале дека најлошите времиња за МПЦ-ОА биле кога Петар и Тимотеј биле на иста страна. Најбалансираните пак историски периоди биле кога овие двајца владици биле на различни страни. И денеска данокот е сета злата крв што од историскиот 9 мај 2022 се пролеа по социјалните мрежи и во меѓусебните односи. Ве разбирам да имате различни мислења, ама издигнете се над суетите и разговарајте. Сите заедно може да придонесат повеќе, отколку некој самостојно да се прави сезнајко. Кажа Архиепископот на концертот – заслугата е на сите. А вака што правите: мешетери од улица ви продаваат теологија, ви кажуваат канони и ве судат фарисејски.

МПЦ-ОА, заеднички сите владици мора да седнат на маса и да договорат стратегија. Петар, Тимотеј, Григориј, Агатангел… да се откажат од лажните руски соништа за некаков сојуз со Москва. Партениј да се откаже од преголемата верба во Фанар. И сите заедно, реалистички и максималистички кога станува збор за македонскиот црковен интерес, да ги исцртаат цевените линии во преговорите со Вселенската патријаршија за да дојдеме до крајната цел.

Две работи се најсушински во тие идни преговори за кои јавноста е засегната. Што ќе бара и што ќе добие Вселенската Патријаршија. Што ќе бара и што ќе добие МПЦ-ОА со Томосот за автоекфалност.

Во тој дијалог, МПЦ-ОА мора да го добие континуитетот на Охридската Архиепископија, како еклисолошко име на МПЦ-ОА заведено во диптихот на Вселенската Патријаршија, без да има какви било обврски дома да менува Устав и уставни категории.

Ако за Вселенската Патријаршија е спорна актуелната титула на Архиепископот  „Охридски и Македонски“, поради можноста за толкување дека таа ваква титула е јуриздикциски претензии врз епархиите од географска Македонија, кои се пошироки од оние на границите на државата Македонија, тогаш МПЦ-ОА, македонските владици треба да бидат оние кои ќе најдат соодветен компромис, но компромис кој нема да значи понижување. И за тоа постои решение. На пример за да се зачува „толку важното македонско“ во титулата, таа може да биде поинаку дефинирана, која ќе ја одразува географската територија на државата Македонија.

„Архиепископ Охридско-македонски и на Јустинијана Прима и Митрополит скопски’

„Архиепископ Охридски и на Јустинијана Прима и митрополит македонско-скопски“

„Архиепископ Македонско-охридски и на Јустинијана Прима и митрополит Скопски“

Втрото сензитивно прашање е дијаспрата. Тоа е прашање за кое МПЦ-ОА, нејзините архиереи заеднички не треба ништо посебно да преговараат со Вселенската Патријаршија, освен да им предочат дека ќе ја почитуваат одлуката на Севселенскиот Собор од Крит од 2016 година.

Сè може да се реши. Да се најде решение, но прво мора да се направи домашниот консензус. Домашното единство.

Покажете поголемо ниво од партиите. Бидете една црква. Внесте ја и ПОА внатре, најдете најсоодветно решение. Застанете сите единствено, не кокетирајте со разни платенички структури кои имаат други цели. Зарем поважни ви се тие отколку вашите со кои работите во мисијата на Црквата?

Мое е да Ви кажам…

Пишува: Марјан Николовски 

Коментар(2)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *