Рашковиќ понуди проект за урбан зелен пазар кај Буњаковец

Date:

Share post:

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од ТМРО, Алаксандар Рашковиќ го презентираше својот проект за модернизација на зелениот пазар Буњаковец. Рашковиќ вели дека овде ќе биде направен модерен објект, кој освен пазарот ќе биде и простор за занаетчии, но и простор за модерен урбан центар.

-Имаме еден проект за овој прекрасен пазар што е еден од најстарите во Скопје. Еден голем објект, модерен и урбан, меѓутоа ургентно би направиле прво еден спрат кој што ќе биде гаражен простор или паркинг, за да можат да се служат граѓаните со пазарот, вели Рашковиќ.

Според него втората фаза од реализација на овој план предвидува доградба на просторот, но со намена за потребите на граѓаните.

-Втората фаза треба да прерасне во четирикатен објет, каде што првиот спрат ќе биде пазарот, вториот спрат би биле занаетчиите, а третиот спрат би го осовремениле и направиле модерен урбан центар, вели Рашковиќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...