Почетна Коментар Раса, рубљи и дипломатија
Раса, рубљи и дипломатија

Раса, рубљи и дипломатија

425
0

Минатиот април, митрополитот на Крф, Нектариј, поднесол во Светиот Синод на ГПЦ, чиј член е во текот на овој период, барање за пренос на честица од светите мошти на свети Спиридон во Русија. Кога дошол моментот за разгледување на прашањето, архиепископот Јероним, согласно информациите на orthodoxia.info, го прашал митрополитот дали стои на своето барање. Митрополитот, кој последниве години има развиено блиски врски со рускиот елемент во неговата област, но и со Руската Црква која се грижи да испраќа големи туристички групи на островот, одговорил потврдно. Барањето било образложено и Синодот ја дал својата согласност. Но, малку подоцна, за време на истото заседание, митрополитот на Крф го повлекол своето барање. Поклонението никогаш не се оствари.

Никогаш не се сметаше дека врските на вишите грчки клирици со Русија треба да се санкционираат. Тие припаѓаа на сферата на зајакнување на врските помеѓу двете истоверни земји, кои во многу елементи делат заедничка традиција. Но, последниве години, особено по стапувањето на денешниот Патријарх Кирил на патријаршискиот престол во Русија, оние кои гледаат не само чесни расположенија зад овие врски, се намножуваат.

На една страна се наоѓаат оние кои врз основа на пророштвата и теориите за „руса нација“ и „православен лак“ прават сè што можат за да ги зајакнат овие врски. Наспроти нив стојат оние кои сметаат дека засиленото руско движење околу Грција не е ништо друго освен една стратешка игра и стекнување на влијание.

Откритието дека грчката Влада одлучила да ја изрази својата вознемиреност за конкретните активности на руските дипломати, преземајќи радикални мерки како прогонство, но и забрана за влез во земјата, не изненади многу луѓе.

Митрополити, административни фактори на државата и општо луѓе кои ја познаваат добро црковната геополитичка шаховница, во последно време гледаа како гигантското засилување на руското влијание во грчките црковни работи не смее да остане без одговор. Помеѓу оние што разбираат изгледа дека е и самиот Архиепископ Јероним кој, почитувајќи ја желбата на митрополитот дал своја дозвола, но сепак не ја сокрил својата вознемиреност.

Сега се бара да се дознае кои се црковните лица, до кои допреле руските дипломати. И, секако, прашањата се многу. Како, на пример, дали тие знаеле за вистинските намери на оние кои се претставувале како поддржувачи на нивната работа? Им побарале нешто во замена? Ако да, што било тоа? Биле ставени, сите или дел од нив, на рускиот платен список за да се изврши влијание на грчкото јавно мнение?

Во вакви случаи новинарското клише бара случајот да личи на „шпионски трилер“. Но, во овој случај изгледа дека таква е реалноста.

Пишува: Андреас Лударос

Извор: http://orthodoxia.info

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *