Почетна Вести Христијанство Радев: БПЦ треба да води сметка за нашата блискост со Македонија
Радев: БПЦ треба да води сметка за нашата блискост со Македонија

Радев: БПЦ треба да води сметка за нашата блискост со Македонија

212
0

Бугарскиот претседател Румен Радев ја повика Бугарската Православна Црква да ја почитува заедничката историја меѓу Македонија и Бугарија и да најде начин како да се поддржи МПЦ-ОА во заложбите за признавање на нејзината автокефалност и заедничко сосолужување, потенцирајќи дека сепак тоа е црковно, а не држвно прашање.

-Тоа прашање е целосно во прерогативите на БПЦ. Но, како што гледате и можеби помните, за време на мојата официјална посета на Република Македонија,  јас бев со двајца почитувани бугарски митрополити. Едниот од нив беше Пловдивскиот митрополит Николај, а другиот Старозагорскиот Кипријан. Тука државата не може да се меша, но кога православните цркви ќе го решаваат ова прашање треба да се води сметка дека од двете страни на границата меѓу Република Бугарија и Република Македонија ние имаме заеднички имиња, ние имаме заедничка историја, ние имаме заеднички празници и сме исклучително блиски. Нека води сметка за тоа и црквата, изјави п-ретседателот на Р. Бугарија, одговарајќи на прашањето на Агенцијата БГНЕС дали ги поткрепува заложбите на БПЦ за признавање на независноста на МПЦ- Охридска архиепископија и заедничкото сослужение меѓу двете цркви, меѓу другото кажа.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *