Почетна Анализа Работлиовиот Патријарх
Работлиовиот Патријарх

Работлиовиот Патријарх

195
0

„Религија.мк“ во еден краток фељтонски серијал ќе ви пренесе еден апсект од животот на Патријархот Павле, прикажан преку настани од неговиот живот, кои се прераскажуваат во црковните кругови на СПЦ, но и на останатите православни цркви. Во наредните денови ќе можете да прочитате за „случки од животот на Патријархот Павле“.

Чисти сметки

Патријархот Павле можел многу работи сам да ги работи. Во манастирите научил да шие, да пере, да прави и поправа обувки, научил земјоделие, да врзува книги, градежништво, да поправа разни апарати.. По природа бил работлив човек. Постојано нешто правел. Секретарот на Синодот на СПЦ раскажува една случка.

-Кога ќе влезеше во мојот кабинет, ако забележеше дека нешто не работи и не функционира како што треба, ако видеше дека вратата не е затворена добро или слично, тој веднаш сам почнуваше да ги решава проблемите, со зборовите „чекај да го поправам ова…“, вели секретарот.

Еднаш Павле заминал во еден манастир, каде што бил замонашен и каде секое лето поминувал по неколку денови. Кога дошло време да се враќа во Белград го повикал Игуменот за да ги „расчистат сметките“.

-Отец Георги, ете поминав со вас овие неколки денови. Се, слава на Бога, беше добро. Бев овде, јадев, одмарав, сето тоа чини, така ли е?

-Па да, Ваша Светост

-Но и јас ви помогнав со нешто. Така ли е отец Георги?

-Да Ваша Светост, многу ни помогнавте, секогаш доаѓате за да работите, а не да одморите…

-Да ги расчистиме сметките тогаш: Ви го поправив олукот, прозорецот, бравата, ги потпрев и поправив лозниците, ги поправив чевлите… Ако сето тоа го собереме, Отец Георги излегува дека Вие мене треба да ми доплатите!

(продолжува)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *