Почетна Вести Рабин Мир Бар-Хен: Европа е изгубена, Евреите да заминат во Израел
Рабин Мир Бар-Хен: Европа е изгубена, Евреите да заминат во Израел

Рабин Мир Бар-Хен: Европа е изгубена, Евреите да заминат во Израел

176
0

Главниот рабин во Барселона, Мир Бар-Хен апелира Евреите да се преселат во Израел бидејќи „Европа е изгубена поради радикалниот ислам“.

Тој ја охрабрува својата заедница да ја напушти Шпанија, која ја нарече „седиште на тероризмот во цела Европа“.

Неговата изјава доаѓа по терористичкиот напад во Барселона, во кој загинаа 13 лица, а повеќе од 120 се повредени. Неколку часа подоцна се случи напад и во Камбрилс. Џихадистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за двата напада.

– Евреите не се тука трајно. Јас им велам да не мислат дека сме тука засекогаш. Ги охрабрувам да купуваат имоти во Израел. Ова место е изгубено. Не ја повторувајте грешката на алжирските Евреи или венецуелските. Подобро одете сега, отколку да биде доцна, истакна рабинот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *