520
0
Претседателот на Русија Владимир Путин се нурна во студено езеро за христијанскиот празник Богојавление.
Руската државна телевизија го пренесуваше влегувањето на 65-годишниот Путин во езерото Селигер, околу 400 километри северно од Москва.
Ројтерс пренесува дека температурата на воздухот во тој момент била шест степени под нулата.
На Путин ова не му е првпат да се соблекува пред камерите и да ги покажува своите атлетски вештини.