Почетна Вести Европа Путин понуди да ги испрати „најдобрите руски експерти“ за да помогнат во обновата на Нотр Дам
Путин понуди да ги испрати „најдобрите руски експерти“ за да помогнат во обновата на Нотр Дам

Путин понуди да ги испрати „најдобрите руски експерти“ за да помогнат во обновата на Нотр Дам

100
0

Рускиот претседател Владимир Путин им изрази сочувство на Франција и на нејзиниот водач и понуди помош во обновата на катедралата Нотр Дам, која вчера беше опустошена од пожар.

Во пораката до Емануел Макрон објавена на официјалната веб-страница на Кремљ, Путин вели дека се надева оти историската катедрала може да се поправи откако огнот уништи дел од нејзиниот покрив, часовникот и шилестата кула. Тој понуди да ги испрати „најдобрите руски експерти со искуство во обновување споменици на културното наследство“.

„Нотр Дам е историски симбол на Франција, бесценето богатство на европската и светската култура, една од најважните христијански реликвии. Трагедијата што се случи минатата ноќ во Париз болно одекна во срцата на Русите“, се вели во пораката.

Потребни беа повеќе од 400 пожарникари за да се справат со пожарот за кој се верува дека почнал кај скелето, подигнато за да се извршат поправки на 850-годишната готска катедрала. Точната причина за пожарот сè уште се истражува.

И покрај огромната штета, ѕидовите на Нотр Дам, како и многу непроценливи религиозни реликвии во него остануваат нечепнати, но двајца полицајци и еден пожарникар се повредени.

Макрон рече дека враќањето на Нотр Дам „несомнено е дел од француската судбина и проект што ќе го имаме во наредните години”.

Разни донатори, главно од Франција, веќе ветија стотици милиони долари.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *