Почетна Вести Европа Путин му честиташе на Кадиров за отворањето на џамијата – Гордоста на муслиманите
Путин му честиташе на Кадиров за отворањето на џамијата – Гордоста на муслиманите

Путин му честиташе на Кадиров за отворањето на џамијата – Гордоста на муслиманите

494
0

Рускиот претседател Владимир Путин преку телефон му честиташе на претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, за годишнината од раѓањето на неговиот татко Ахмат-Хаџи Кадиров, како и за отворањето на џамијата „Гордоста на муслиманите“ во Шали.

Најголемата џамија во Европа, именувана по пророкот Мухамед, официјално беше отворена во петокот во Шали. На церемонијата на отворањето присуствуваа гости од муслимански земји.

Првично беше планирано џамијата да го носи името на Рамзан Кадиров со одлука на жителите на градот Шали. Фактот дека таа е именувана по пророкот Мухамед, Кадиров го објави на церемонијата на отворање.

Џамијата „Гордост на муслиманите“ има капацитет за над 30 илјади луѓе. Покрај тоа, околината ќе може да смести до 70 илјади верници. Изградена од бел мермер со употреба на чисто злато и рачно насликани слики.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *