Почетна Политичка теологија Путин го спореди Ленин со светец, комунизмот со христијанството
Путин го спореди Ленин со светец, комунизмот со христијанството

Путин го спореди Ленин со светец, комунизмот со христијанството

401
0

Рускиот претседател Владимир Путин го спореди Владимир Ленин со светец и изјави дека советските комунистички идеи доаѓаат од Библијата.

Путин говореше во документарецот снимен за неодамна реставрираниот манастир Валаам на државниот канал Росија 1, во кој се зборува за зданието што се наоѓа во близина на границата со Финска, пишува Дамиен Шарков за rawstory.

Главната тема на дискусијата била Октомвриската револуција во 1917, што доведе до егзекуција на кралското семејство, кои биле големи христијански верници, за формирањето на Советскиот сојуз и новото поглавје на атеистичките и антирелигиски политики на Кремљ.

Оттогаш, и особено по отворањето на Советскиот Сојуз под Михаил Горбачов во раните 1990-ти години, улогата на црквата во руското општество претставува камен на раздорот.

Но, Путин, кој често ја поддржува црквата, им кажува на креаторите на документарецот дека не верува дека идеалите на комунизмот и христијанството се некомпатибилни.

– Можеби ќе кажам нешто што на некои луѓе нема да им се допадне, но јас ќе кажам што мислам – вели тој.

„Прво, верата секогаш нѐ придружувала. Таа се зајакнала кога работите биле тешки за нашиот народ. Имало тешки, богобојни години кога свештениците биле уништени, а црквите срушени. Но, истовремено (Советите) создале нова религија. Всушност, комунистичката идеологија е многу слична со христијанството”.

Ленин, атеист кој го застапуваше марксистичкиот став дека религијата е „опиум за народот“, покренал активна кампања за конфискување на црковниот имот, додека неговиот наследник, Јосиф Сталин, ја уништил најголемата црква во Москва во 1931. На нејзино место тој планирал да изгради јавен базен што ќе се натпреварува со џиновска статуа на Ленин. Сталин останал без пари за проектот, но подоцна него го изградил наследникот на Сталин, Никита Хрушчов.

Но Путин тврди дека, како и христијанството, комунизмот проповеда „слобода, братство и еднаквост“. Тој го нарече моралниот код на градителот на комунизмот, памфлет со принципи а однесување на сите членови на партијата, „примитивен извадок од Библијата“.

И ритуалот, тврди Путин, Ленин и неговите кохорти го позајмиле од црковните практики, иако не е јасно дали тој смета дека тоа е свесен или интуитивен обид.

– Ленин беше поставен во мавзолеј – потсети Путин во интервјуто. „Во што се разликува тоа со остатоците на светците во православието или дури и во христијанството воопшто?“.

Иронично, прашањето за мавзолејот на Ленин е еден од главните извори на несогласување помеѓу црквата и Комунистичката партија, која е втора по бројност на пратениците во Парламентот.

Црковните власти веќе долго време се обидуваат да го погребат Ленин, чиј мавзолеј стои пред Кремљ од 1924, со тврдење дека тоа е несоодветно. Комунистите тврдат дека ковчегот е сместен под земјата, што го исполнува критериумот за погреб.

Путин долго време одбива да биде вовлечен на било која страна во праѓањето за мавзолејот, но изјави за „Росија 1“ дека споменикот е сличен на тоа како светителите се прикажани во православната традиција.

– Често ми се вели: „Никаде во христијанскиот свет не постои таква традиција“. Како е возможно тоа? Одете на Атос и видете дека има остатоци од светци, а тука се и светите останки на Сергиј и Херман, вели тој и додава, „значи се чини дека властите во тоа време не измислиле ништо ново, туку само усвоиле, според нивната идеологија, нешто што човештвото го измислило одамна“.

/PLUSINFO.MK

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *