Почетна Коментар Пуста Македонија, несудена Јужна Србија, вечен непребол
Пуста Македонија, несудена Јужна Србија, вечен непребол

Пуста Македонија, несудена Јужна Србија, вечен непребол

471
0

Во своето најново интервју, за белградскиот весник „Политика“, Српскиот патријарх Иринеј истакнува дека во Македонија постои „Охридска архиепископија, која има свој поглавар, архиепископот Јован и во поглед на каноните […] не постои никаков проблем“.
Патријархот, како и голем дел од СПЦ, наместо да ја согледаат стварноста и да се соочат со македонскиот народ кој веќе еден век не сака да ја прифати нивната насилно наметната јуриздикција, го одбира решението на нојот – да ја закопа главата во песок, како да е сè во ред.

Сепак, тоа не е сè… Коментирајќи го спорот помеѓу Вселенската патријаршија и Руската црква, тој истакнува дека СПЦ не зазема ниедна страна, туку се зазема „за почитувањето на светите канони“. Во продолжение тој вели, од една страна, дека „Цариградската патријаршија пред осум векови ни дарува самостојност“, а од друга страна, дека „тоа што го направи во Киев е ништожно“. Значи, додека даваше автокефалија на СПЦ – на канонска територија на Охридската архиепископија – Цариград беше во право, но сега, кога дава автокефалија на Украинската црква – не е во право.

Повеќе од очигледно е дека ваквите коментари, во недостиг на соодветни факти и аргументи, се водени од личните чувства и желби. Зашто, кој е тој канонски поредок за кој говори г. Иринеј? Која е таа процедура што треба да се запази? Досега ние не слушнавме ниеден аргумент ЗОШТО и врз основа на КОИ канони, постапката на Вселенската патријаршија е неканонска?!
Но, да не се чудиме многу, српскиот поглавар самиот ни дава одговор на што се должи оваа манија: „Српската црква не прифаќа ‘легализирање на расколот’ во Украина, како законска состојба, а посебно нема да прифати доколку такви амбиции се покажат на нејзиното канонско подрачје“. Пуста Македонија, несудена Јужна Србија, вечен непребол…

/Александар Горски (читател)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *