Почетна Политичка теологија Првите две муслиманки избрани во американскиот Конгрес
Првите две муслиманки избрани во американскиот Конгрес

Првите две муслиманки избрани во американскиот Конгрес

334
0

Рашида Тлаиб од Мичиген и Илхан Омар од Минесота победија на вчерашните избори во САД и станаа први жени муслиманки кои се избрани во американскиот Конгрес, јавува Anadolu Agency (AA).

Tлаиб како кандидатка на Демократската партија победи во изборната единица 13. Дистрикт во Мичиген, а станува збор за Американка со палестински корени која веќе шест години работела во државна администрација.

Нејзината победа беше и очекувана со оглед дека немаше републикански противкандидат, туку ѝ се спротиставија две помали партии.

Во Пратеничкиот дом Тлаиб ќе го заземе местото на Џон Конјерс, кој поради обвиненија за секс-скандали мораше да отстапи од таа политичка сцена.

Паралелно со тоа, во Претставничкиот дом е избрана уште една муслиманка и тоа Илхам Омар, која е со потекло од Сомалија.

Таа имаше значително тежок пат до победата, бидејќи во изборната единица во Минесота наспроти себе ја имаше републиканската опонентка Џенифер Зиелински.

Омар воедно ќе биде и првата муслиманка со марама избрана во американскиот Конгрес. Ќе заземе место кое во претходниот мандат го држеше исто така муслиманот Кит Елисон.

Гласачите во САД бираат нов состав на Претставничкиот дом и 35 од вкупно 100 делегати во Сенатот.

Републиканците во претходниот мандат имаа мнозинство во двата дома, а според првичните резултати ќе го задржат мнозинството само во Сенатот, додека демократите ќе го преземат главниот збор во Претставничкиот дом.

Ова се први избори за Конгресот од доаѓањето на Трамп на власт, а Трамп го очекува поголем предизвик во спроведувањето на неговата политика без поддршка на Долниот дом на Конгресот.

/А.А

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *