Почетна Вести Христијанство Првиот македонски архиепископ Доситеј станува светител на МПЦ-ОА?
Првиот македонски архиепископ Доситеј станува светител на МПЦ-ОА?

Првиот македонски архиепископ Доситеј станува светител на МПЦ-ОА?

611
0

Постои иницијатива за прогласување на светител на првиот македонски архиеопископ на возобновената МПЦ Доситеј, пишува скопско ехо.

Го поддржуваме предлогот првиот македонски архиепископ Доситеј на возобновената Охридска архепископија во ликот на МПЦ да стане светител на Македонската православна црква, изјави денеска епископот хераклејски Климент. Епископот зборуваше денеска на промоцијата на капиталното издание „Возобновителот“ посветено на првиот поглавар на возобновената Охридска архиепископија во ликот на Македонската православна црква.

-Тој предлог своевремено го кажа Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј во друштвото на повеќе постари и помлади архиереи. Тој тогаш рече дека архиепископот Доситеј еден ден ќе биде светител на Македонската православна црква. Големо е делото што зад себе го остави архиепископот Доситеј, рече епископот Климент.

Капиталната монографија посветена на овој македонски духовник е во издание на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, а во соработка со МПЦ-ОА и Православен богословски факултет.

-Ова дело се издава и по повод на 40-годишнината од неговото упокојување и 115-годишнината од неговото раѓање. Македонскиот поглавар, возобновителот Доситеј, зазема посебно, светло место во македонскиот национален пантеон, заслужувајќи ја сета почит на македонскиот народ, рече Даријан Сотировски, претседател на Комисијата.

За големото дело на архиспископот Доситеј, кој беше избран за поглавар во 1967 година кога се прогласи автокефалноста на МПЦ-ОА, зборуваше и архиепоскопот г.г Стефан.

-Ако во поновата историја на МПЦ ја бараме најзаслужната личност, таа личност, без сомнение, е блажеупокоениот архиепископ Доситеј. Преку неговата личност се оставрија двовековните стремежи на многубројни наши духовници и поборници за возобновување на нашата древна Охридска архиепископија, нагласи архиепископот Стефан.

/скопско ехо

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *