Почетна Вера Првата Литургија во Бигорскиот скит на Светите Кирил и Методиј во с. Битуше
p 8
p 9
p 10
p 11
p 12
p 13
p 14
p 15
p 16
p 17
p 18
p 19
p 20
p 21
p 22
23
p 24
p 25
p 26
p 27
p 28
p 29
p 30

Првата Литургија во Бигорскиот скит на Светите Кирил и Методиј во с. Битуше

406
0

Монасите од Бигорската Обител, заедно со Архимандритот Партениј за денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, за прв пат отслужија литургија во Бигорскиот скит „Свети Кирил и Методиј“ во селото Битуше.

-Совпаѓањето на одданието на празникот Пасха и споменот на Светите Браќа има длабока смисла. Имено, воскресенската благодат, чиишто први сведоци биле светите Апостоли, кои со свои очи Го видоа Воскреснатиот и Воскресителот и со проповедта за Него ја уловиле вселената, ги раководела и Рамноапостолите, тие големи синови на Воскресението, за великото дело на проповед на Благовестието среде Славјаните и други народи. Верата и надежта за Воскресението, кои некогаш ги вдахновувале составителите на библиските книги и богослужбените песни и молитвословија, им содејствувале и на богомудрите просветители во преводот на Светото Писмо и литургиските текстови на јазикот на нашите предци“ – исполнет со  благодарност и душевен восторг, ќе рече нашиот светителољубив Старец, Архимандрит Партениј, во разговор со своите собраќа и сестри во подвигот за Христа, велат од Бигорски.

Овој Бигорски скит се гради во рамки на објектот за кампот по веронаука, што секога година го организира Бигорскиот манастир.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *