Почетна Верски буквар Првата група од летниот камп по веронаука носи незаборавно искуство
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Првата група од летниот камп по веронаука носи незаборавно искуство

475
0

Заврши првата група од летниот камп по веронаука што и оваа година го организира Бигорската обител на манастирите во Рајчица и Бигорски.

Првата група од триесет освен класичните часови по веронаука секојдневно учествувала и во практичните манастирски задолженија што ги имаат монасите, од подготовка на монашката трпеза, па преку земјоделските активности се до учество во цртањето икони и подготовка на манастирските сувенири.

-Од сите науки на овој свет, само една наука го распламтува Божествениот оган што ја топли и грее душата, влевајќи ѝ неискажливо спокојство и радост. Тој Божествен оган што гори во срцето е верата во Бога, а таа единствена наука, која од многу големи умови е наречена наука над науките, е веронауката. Само веронауката дава вистински и точни сознанија за Бога, за душата, за духовниот живот, за смислата на нашето постоење. Веронауката е, всушност, највозвишеното образование, зашто само преку неа се образува образот Божји во душата на детето, велат од Бигоскиот манасир.

Дечињата денес имаа средба и со игуменот Партениј, на кого му ги искажаа своите детски и најискрени впечатоци од нивниот престој во манастирите.

-Драг наш отец Партениј! Ви благодариме што нè удостоивте да бидеме гости во овој свет манастир. Ви благодариме што се грижевте за нас со полно срце љубов. Ние научивме многу од Вашите проповеди. Вашите монаси беа многу добри… Нè учевте да се однесуваме како прави православни Христијани. Уште еднаш Ви се заблагодарувам за целиот труд што го вложивте во нас да излеземе како големи луѓе“

-Да ви кажам искрено, сè ми беше убаво и удобно. Немаше ништо што не ми се допадна. Главниот отец на отците е о. Партениј. Отците се многу добри и љубезни“.

-Јас си поминав многу убаво овде. Сè е прекрасно. Монасите се многу добри и љубезни. Главниот монах, отец Партениј, нè пречека многу љубезно… Литургиите се долги, ама многу корисни. Јас многу го засакав овој манастир и тешко ќе ми биде да се одделам оттука. Многу е мирно и спокојно. Секој би требало да го посети овој манастир“.

-Фала ти, отец Партениј, што нè прими во овој прекрасен манастир… Овој манастир е прекрасен. Преубави свештеници и преубав двор. Фала за подароците и се гледаме следната година“, се само дел од впечатоците кои децата ги оставиле од летниот камп по веронаука запишани во архивите на  Бигорскиот манастир.

ФОТО/ БИГОРСКИ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *