Почетна Вести Прва заедничка фотографија од поглаварите од Соборот
Прва заедничка фотографија од поглаварите од Соборот

Прва заедничка фотографија од поглаварите од Соборот

434
0

Поглаварите на десетте помесни автокефални цркви кои допатуваа за учество на историскиот Собор на Православната црква на Крит, денеска го почнаа официјалниот дел од работата на Соборот.

slika 1Првиот работен дел е предвиден за состанок на ниво на поглавари на кој ќе се разгледува текстот на Посланието од Соборот.

Десетте поглавари ја направија и првата заедничка фотографија.

На фотографијата од лево кон денсно се:

Митрополитот на Полската православна црква, Сава, Кипарскиот Архиепископ Хризостом, Српскиот Патријарх Иринеј, Александрискиот патријарх Теодор, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, Ерусалимскиот Патријарх Теофил, Романскиот патријарх Данаил, Грчкиот архиепископ Јероним, Албанскиот архиепископ Анастастасиј и чешкиот и словачки архиепископ Ростислав.

На фотографијата недостасуваат 4 поглавари, Рускиот Патријарх Кирил, Бугарскиот Патријарх Неофит, Грузискиот Патријарх Илија и Антиохискиот Патријарх Јован, кои не допатуваат на Соборот.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *