Почетна На иста страна Прва средба на поглаварите со министерот за внатрешни
Прва средба на поглаварите со министерот за внатрешни

Прва средба на поглаварите со министерот за внатрешни

800
0

Поглаварите на петте уставни верски заедници, најостро ги осудиле сите обиди за создавање на нетрпеливост или верска омраза меѓу граѓаните, особено неодамнешните настани како сквернавењето на  гробиштата во скопското село Љуботен и злоупотребата на децата во приватна установа за згрижување на деца во Скопје.

Архиепископот на МПЦ-ОА, г.г Стефан, Реисот на ИВЗ, еф. Сулејман Реџепи, Бискупот мон. Киро Стојанов, како и претседателите на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев и на Еврјеската заедница, Берта Романо – Николиќ, на заедничката средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги реафирмирале позициите дека верската толеранција и почитувањето на различностите се основни принципи што треба да се негуваат во едно мултикултурно и мултиконфесионално општество.

Ова е прва ваква средба на претставници на верските заедници со министер за внатрешни работи, на што тие, како што соопштува МВР, изразиле благодарност за иницијативата на министерот Спасовски за одржување на вакви средби, потенцирајќи дека средби од ваков тип  се потребни и во иднина за да се реагира заеднички при евентуалните обиди за злоупотреба на религијата.

-Министерот Спасовски нагласи дека полицијата, во рамки на своите законски надлежности, безусловно ќе ги спречи сите обиди за поттикнување на верска омраза и нетрпеливост, спротиставувајќи се на сите облици на екстремизам. Тој ги информираше поглаварите на верските заедници дека интензивно се работи на расчистување на случаите кои ја вознемирија јавноста и дека граѓаните ќе бидат соодветно информирани за тоа,  стои во соопштението на МВР.

Истовремено Спасовски потенцирал дека МВР останува отворена за секаква иницијатива, соработка или заеднички активности во областа на превентивното делување.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *