Почетна Политичка теологија Прва научната конференција за религиска писменост во Македонија
Прва научната конференција за религиска писменост во Македонија

Прва научната конференција за религиска писменост во Македонија

159
0

На меѓународниот ден на културната разноликост, дијалогот и развојот, 21.5.2019 година Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, беше домаќин на првата научно-стручната конференција „Студентска религиска писменост“.

Предавачи беа проф. д-р Тања Каракамишева Јовановска, со предавање на тема која се однесува на важноста од промоција на проучувањата на содржините кои се однесуваат на статусот на верските заедници и на слободата на вероисповед,  д-р Јован Јоновски, со предавање на тема која се однесува на историскиот и општествениот развој на верските заедници како правни субјекти на овие простори, како и проф. д-р Александар Спасеновски, со предавање на тема која се однесува на правото на верските заедници и слободата на вероисповед.

Настанот имаше форма на сертифицирана интерактивна обука која е во функција на натамошно академско и општествено расветлување на сложениот сет на односи помеѓу религијата, правото и политиката во тероретска, но и во практична смисла преку примерот со нашата држава, како и во насока на дополнително промовирање на овие теми помеѓу студентите.

Научно-стручната конференција „Студентска религиска писменост“ е дел од повеќегодишната стратешка соработка помеѓу Програмата за владеење на правото на Фондацијата „Конрад Аденауер“ со седиште во Букурешт, Романија и Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје во чии рамки беше издаден и „Прирачникот за правото на верските заедници и слободата на вероисповед“ кој претставува прво учебно помагало кое ги обработува овие теми наменето за студентите од сите насоки.

Ова е прв ваков настан, со најава дека ќе бидат одржани уште два. Религиската писменост е исклучително важна за општества како македонското со изразен процент на граѓани кои ја декларираат својата верска припадност.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *