Почетна Вести Прва молитва за Курбан Бајрам во реконструираната џамија во делчевско Тработивиште

Прва молитва за Курбан Бајрам во реконструираната џамија во делчевско Тработивиште

213
0

На првата молитва за Курбан Бајрам ги собра верниците реконструираната селска џамија во делчевско Тработивиште. Инвеститор на реконструкцијата е фирмата на Ферки Демировски кој е по потекло од ова село.

trabotiviste-Веќе неколку години гледавме дека објектот пропаѓа, со поддршка на ИВЗ и со општината обебзедивме проект и сметаме дека придонесовме во сочуввање на овој верски објект. Останува догодина да ја завршиме фасадата, рече Ферки Демировски.

Во делчевско Тработивиште до 50-тите години на минатиот век половина од населението било турско, а денес овде живее само едно турско семејство, но и повеќе ромски, кои го прифатиле муслиманството.

-Кога се враќаат иселените за да го посетат родниот крај им беше главна мисла дека ништо не сме направиле во селото и дека џамијата ќе падне. Долг кон луѓео кои живее тука да се возобнови џамијата, таа е значаен историски кутурен објект за идниите генерации да знаат кој живеел тука, кажаа, жителите на с. Тработивиште.

По повод празникот и реконструираната џамија, во Тработивиште синоќа се собраа верници од целиот регион. На овој ден, тие испратија порака за мир, љубов и соживот.

-Да им го честитам курбан бајрам на целиот свет, да стигне оваа порака до целиот свет и испраќам една порака за мир, вели Сефадин Селимовски од Берово.

Нема точни податоци колку е стар овој верски објект, но според градбата, се претпоставува дека е граден пред повеќе од 3 века. Неговата изградба се врзува со Челеби Заде, а џамијата е посветена на Мухамед Ибин Ибрахим Ага.

/ТВ.СТАР

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *