Почетна Политичка теологија Прв учебник за правото на верските заедници и слободата на вероисповед во Македонија
Прв учебник за правото на верските заедници и слободата на вероисповед во Македонија

Прв учебник за правото на верските заедници и слободата на вероисповед во Македонија

169
0

Со поддршка на програмата за владеење на правото на германската фондација “Конрад Аденауер” од Букурешт, во издание на Правниот факултет “Јустинијан Први” од Скопје, излезе од печат книгата: “Прирачник за правото на верските заедници и за слободата на вероисповед на Република Македонија” од авторите проф. д-р Тања Каракамишева Јовановска и доц. д-р Александар Спасеновски, од катедрата по уставно право.

“Овој научен труд е резултат на еден долгогодишен ангажман во кој беа анализирани најзначајните аспекти во односите помеѓу демократската држава, од една страна и верските заедници, од друга страна. Целта беше, преку откривање на овие закономерности во општа смисла, но и конкретно, во нашата држава, да им се доближи на студентите на Правниот Факултет една област која до сега не беше разработена за разлика од другите универзитети во светот”, истакнуваат авторите на ова дело.

Како што информираат тие, оваа книга ќе има статус на учебен материјал кој ќе се изучува на додипломските студии, како и на постдипломските мастер студии по уставно право на нашиот најстар правен факултет во државата.

Книгата за правото на верските заедници и за слободата на вероисповед е прво дело од ваков вид на Правниот факултет и во неа подетално се разработуват уставните и законските норми кои го скицираат македонскиот модел на секуларизам, како и останатите прописи кои ги определуваат границите на слободата на вероисповед во Македонија.

“Македонскиот модел на секуларност предвидува институционална секуларност, како и поставеност на државата како нетеократска структура. Државата не може да биде водена од свештени лица, ниту државата може да се меша во изборот на свештените лица или во внатрешното работење на верските организаци”, подвлекуваат авторите во предговорот на овој учебник.

Студентите, како и сите заинтересирани, после завршувањето на промоцијата, ќе можат ова дело да го добијат бесплатно на Правниот факултет или во канцеларијата на Фондацијата “Конрад Аденауер” во Скопје.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *