Почетна Вести Свет Прв православен манастир во Јужна Африка
Прв православен манастир во Јужна Африка

Прв православен манастир во Јужна Африка

77
0

Александрискиот Патријарх, Теодор II, пристигна во Јужна Африка за да земе учество во торжествата по повод 50 годишнината од основањето на Архиепископијата на р‘тот Добра Надеж. Во мисијата беше вклучена и Намидија и Кенија. Делегацијата го посети манастирот „Св. Николај Чудотворец“, исто посветен и на Св. Нектариј Егински и Св. Пајсиј Светогорски, во близина на Хартбеспорт, на околу 40 милји од Јоханесбург.

Првиот манастир во Јужна Африка беше изграден благодарение на трудот на Митрополит Серафим, кој сега ја возглавува епархијата на Зимбабве и Ангола. Се наоѓа на пустинско место и е околу 1 час пат од престолнината.

Во моментов во манастирот живеат околу 5 монахињи. За време на посетата, Александрискиот Патријарх, официјално се сретна со првата игуменија. Притоа, во својата проповед, Патријархот истакна дека „монаштвото не е презир кон светот, туку поттик за негово преображение – преображение, покајание во Христа и спасение“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *