Почетна Вести Прв грчки Претседател кој не се сретна со рускиот Патријарх
Прв грчки Претседател кој не се сретна со рускиот Патријарх

Прв грчки Претседател кој не се сретна со рускиот Патријарх

300
0

Прокопис Павлопулос е првиот грчки Претседател кој за прв пат при една посета на Русија не се сретна со рускиот Патријарх. Грчките медиуми го оценуваат како скандалозно однесувањето на Павлопулос, кој пред два дена беше во посета на Москва, а не оствари средба со Патријархот Кирил.

Павлопулос отпатувал во Москва на покана на Академијата за економија, каде бил избран за почесен член, но имал средба и со руските државници. Се сретнал со Претседателот, Владимир Путин.

Тоа што грчкиот претседател ја „прекинал традицијата“, како што пишуваат медиумите во Атина, било непристојно однесување, особено што годинава се навршуваа 1000 години од присуството на руски монаси во Света Гора.

Спека, тоа што грчкиот претседател немал срдба со Патријархот Кирил, не се поврзува со каква било политичка заднина, туку како пропуст на дипломатскиот протокол. Според неофицијалните информации од Московската Патријаршија, средбата на Павлопулос со Кирил не се случила, затоа што грчката страна таква средба не ни побарала.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *