Почетна Вести Христијанство Протераните руски дипломати и свештеникот правеле раздор во македонското национално ткиво
Протераните руски дипломати и свештеникот правеле раздор во македонското национално ткиво

Протераните руски дипломати и свештеникот правеле раздор во македонското национално ткиво

522
1

Протераните руски дипломати и рускиот свештеник работеле на поделба и раздор во општеството, одговорија за Телма од Агенцијата за разузнавање, една од трите служби кои ги регистрирале недипломатските активности на агентите пријавени како дипломати. Други детали не соопштуваат.

-Се работи за класифициран карактер на податоци од сензитивна природа. Безбедносно-разузнавачките институции во нашата држава, како никогаш претходно, соработуваат и ги координираат активностите поврзани со заштита на националната безбедност на Република Северна Македонија. Споменатите странски државјани го злоупотребија нашето гостопримство, а активностите кои ги превземаа не само што беа во спротивност со Виенската Конвенција, тука беа насочени кон создавање раздор во македонското национално ткиво, одговорија за Телма од Агенцијата за разузнавање.

Последните тројца руски дипломати кои беа протерани од Македонија не се обиделе односно не оствариле разузнавачка закана кон припадници на Армијата или кон вработени во Одбрана, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска за последното протерување на дипломати од Руската амбасада кои се однесувале спротивно на Виенската конвенција.

-Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од какви било влијанија, вклучително и вакви злонамерни. Тоа се сите оние влијанија за кои сметаме дека се спротивни на нашите стратешки и национални интереси. Следствено на тоа, сакам да ја поздравам и работата не само на военото разузнавање туку и на другите безбедносно- разузнавачки служби, кои очигледно добро си ја работат својата работа. Закана од таков тип директно кон припадници на министерството или на Армијата не сме детектирале, порача Петровска.

Државен стратешки и национален интерес се европските интеграции и нема да биде дозволено попречување на тој пат од никого, нагласи министерката. Во пакет со руските дипломати, беше протеран и Васијан Змеев, шеф на подворјето на  Руската православна црква во Софија. Познато е дека имал контакти и соработувал со владици од синодот на МПЦ, но не нема други детали зошто тој свештеник доаѓал често во Македонија и какви активности имал. По Македонија, неколку дена подоцна, рускиот свештеник беше протеран и од Бугарија.

Коментар(1)

  1. Тоа се вика тоталитаризам, елиминација и протерување на неистомисленици кои попречуваат стратешка цел на политичка клика на власт. Тоа нема врска со разузнавање. Ги крши сите досега познати норми на меѓународна и билатерална комуникација и сите здрави дипломатски критериуми. Очигледно се настојува да се исчисти теренот од неквислиншки елементи за поскауваниот brainwash инженеринг на преостанатото население, кој не е и нема да биде успешен. На македонскиот народ и на македонскиот православен христијанин не му се неопходни посетите на архимандритот Васијан Змеев за да го сфати полтронизмот на актуелната власт кон западните центри на влијание. Стратешка цел и квислиншко одработување со тоталитаристички методи до неодамна беа две мошне различни работи. Но денес секому му е јасно дека стратешка цел на странските слуги што ја сочинуваат политичката гранитура на власт е распродавање на Македонија за лични и за семејни интереси на ненародните властодршци. Тие се и најзаслужни за својот и за лошиот (реален) имиџ на нивните странски соработници и наредбодавци кај македонскиот електорат. Бог да ги благослови отец Васијан и протераните руски дипломати за нивните напори да го укрепат македонскиот народ во овие тешки времиња на големи надворешни закани кон неговата самобитност и кон и онака кревката независност на Македонската Држава.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *