Почетна Коментар Прости Оче Партениј и спомни си за нас во твоите молитви
Прости Оче Партениј и спомни си за нас во твоите молитви

Прости Оче Партениј и спомни си за нас во твоите молитви

646
0

Вистинската ЉУБОВ е во ПРОШТЕВАЊЕТО!

За жал денес се изначитав многу грди коментари за овој мудар, мирен и чесен старец кој што:

– вие додека уживавте во печалењето и трошењето на парите вашите деца за први другари ги избраа најлошите пороци – денес ТОЈ, БЕСПЛАТНО ви ги лекува,

– кога го нарекувате лопов сетете се дека БЕСПЛАТНО ги КРШТЕВА и ги ВЕНЧАВА вашите ДЕЦА,

– кога зборувате дека се крие и јаде мрсна храна, појдете во БИГОРСКИОТ Манастир и погледнете како целото БРАТСТВО постојано е во пост за секојдневно да нахрани повеќе од 100луѓе,

И што и да зборувате, и што и да пишувате никогаш и никаде овој старец и братството од Бигорскиот Манастир немојте да ги поистоветувате со политика и разно разни погрдни зборови, појдете и
-ПРИМИТЕ ЉУБОВ,

-ПОБАРАЈТЕ, СО МОЛИТВА И ЛЕБ ЌЕ ВЕ НАХРАНАТ,

-ЗАПЛАЧЕТЕ, СО ВОСКРЕСЕНСКА РАДОСТ ЌЕ ВЕ УТЕШАТ,

– РАДОСТ ПРИНЕСЕТЕ, ЌЕ ВИ ЈА УМНОЖАТ,

ЉУБОВ БЕСКОНЕЧНА ЉУБОВ ЌЕ Добиете.

Вистинската ЉУБОВ е во ПРОШТЕВАЊЕТО.

Прости Оче Партениј и спомни си за нас во твоите молитви. Бог нека биде со вас братство при Бигорскиот Манастир. Амин.

/фејсбук статус: Владо Аврамовски

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *