Почетна Вести Прославата на Рамазан Барјам со сенка на терористичките напади
Прославата на Рамазан Барјам со сенка на терористичките напади

Прославата на Рамазан Барјам со сенка на терористичките напади

172
0

Милиони муслимани ширум светот синоќа го одбележаа завршувањето на светиот месец Рамазан, што годинава беше проследен со серија смртоносни џихадистички напади, јави Танјуг.

1Бранот напади во муслиманските земји, од Турција, преку Бангладеш до Ирак и Саудиска Арабија, годинава, фрли сенка врз прославата на празникот.

Десетици илјади верници вчера се собраа на молитва во џамијата на Пророкот во саудискиот град Медина, само неколку дена откако во самоубиствен напад беа убиени четворица чувари на еден паркинг, наведуваат француските медиуми.

Во Багдад, свеченостите беа засенети заради двата самоубиствени напада од неделата во кои загинаа најмалку 250 лица.

Тридневниот празник Рамазан Бајрам традиционално се одбележува со семејни собирања и размена на подароци и слатки после исцрпувачкиот месец на постење, пренесуваат француските медиуми.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *