Почетна Верски буквар Промовирана збирката проповеди на Архимандрит Партениј, „Бог се јави во тело, воскресна во слава“
Промовирана збирката проповеди на Архимандрит Партениј, „Бог се јави во тело, воскресна во слава“

Промовирана збирката проповеди на Архимандрит Партениј, „Бог се јави во тело, воскресна во слава“

214
0

Во понеделникот вечерта, за време на Бадниковата трпеза на љубовта, беше промовирана првата збирка со проповеди од Архимандрит Партениј, насловена како Бог се јави во тело, воскресна во слава. Всушност, овој настан беше изненадување за Отец Партениј, приготвено од монашко братство и сестринство и воедно, со него почна празнувањето на илјадагодишнината од основањето на Свештената Бигорска Обител.

Промотор на книгата беше отец Бобан Митевски, кој потенцираше дека не толку често се случува ова – личниот јубилеј да се поклопи со јубилејот на светињата во која духовно си се родил и за која животот си го посветил. И тоа, без да гледаме во сѐ нешто смисла, значи нешто, кажува нешто. Зборуваме за еден милениумски и еден личен јубилеј, за една милениумска и за една поединечна свештена историја, и двете и толку лични и толку заеднички, и наши и нечии, и минати и сегашни, истории со падови и подеми, со искушенија и победи, со распетија и воскресенија…

– Отец Партениј говори, би рекол, со леснотија и спонтаност, фиксирајќи се на одредена главна тема во една проповед, околу која го составува мозаикот. Така, на пример, читајќи ја книгата, со едно чувство на ексклузивност што ми го овозможија браќата и сестрите монаси, ги забележав следните главни теми, и тоа: Во Божикните омилии: смирение / мир / вера, надеж и љубов / острастената човечка природа – обновена од Воплотеното Слово / обожение; Во Пасхалните: Преобразување на светот преку сведоштво / преобразување и лично воскресение / за жедта по Бога / Воскресението Христово – постојана наша реалност и за совршената Христова љубов. Сите теми се постојани актуелни, потребни и за почетниците и за тие што веќе напреднале во духовниот живот. Овие теми се и поттикнувачки и отрезнувачки, и те воведуваат и те утврдуваат. Авторот на беседите настапува моќно, внесувајќи го читателот со силен вовед, кој најчесто е сублимат на чувството, на она духовно треперење произлезено од молитвата и расудувањето пред самиот празник. И така говори низ целиот текст, сигурно, со таа негова препознатлива љубовна доза на строгост, но истовремено и со длабока емотивност – чиниш како тука да ти зборува и да го слушаш тој толку познат мелодичен глас што говори во такт и во прецизни интервали, и те тера да слушаш, но истовремено и ти го активира умот да размислуваш. Главно, те успокојува. А како зборува отец Партениј? Со срце и од срце. И самиот вели, цитирам: „ќе дадам целосна слобода на срцето мое, за самото тоа да ви се обрати“ или на друго место: „Како да ви зборувам и како би можел да ви ја објаснам радоста што сега ми гори во срцето?, рече Отец Бобан.

Во книгата се поместени десет беседи, од кои пет за Рождеството Христово и пет за Пасха, за Воскресение Христово. Рождественските се од периодот 2014-2018 година, а Воскресенските од 2015-2019 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *