Почетна Вести Христијанство Промовирана книгата „Силата на Словото“ на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар
Промовирана книгата „Силата на Словото“ на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар

Промовирана книгата „Силата на Словото“ на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар

345
0

Во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Битола, се одржа промоцијата на книгата „СИЛАТА НА СЛОВОТО“ на Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и новозеландски г. Петар.

Промотори на книгата беа aкадемик д-р Ѓорѓи Поп Атанасов и проф. д-р Јордан Плевнеш.

На промоцијата присуствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Високопреосветените Митрополити, Дебарско-кичевски Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Кумановско-осоговски г. Јосиф, Преосветениот Епископ Хераклејски г. Климент, деканот на Богословскиот факултет проф. д-р Ѓоко Ѓорѓески, како и многу други свештеници, монаси, академици, професори и верници.

„Јас сум прв по старост на години и по хиротонија во Светиот Синод, но последниот од постарите архиереи што се осмелив од она што сум го кажал импровизирано во проповедите, да го пренесам тука. Пред мене таков подвиг направија дедо Тимотеј и Неговото Блаженство, дедо Стефан, а секако и другите браќа архиереи имаат направено и напишано многу подобри работи, за кои сум сигурен дека не грешам

Сакам благодарност да укажам и на промоторите на ова дело, на академик  д-р Ѓорѓи Поп Атанасов и проф. д-р Јордан Плевнеш, а исто така и на претставувачот, протопрезвитерата м-р Билјана Петковска.

Благодарност упатувам и до моите соработници во Миторполијата, до мојот заменик протоерејот стафровор Никола Грамбозов, до оние што се трудат ова што сум го кажал со зборови, да го стават на хартија, вели Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *