Почетна Верски буквар Промовирана книгата на Отец Милан Ѓорѓевиќ
Промовирана книгата на Отец Милан Ѓорѓевиќ

Промовирана книгата на Отец Милан Ѓорѓевиќ

401
0

Духовното наследство на византиската култура и неговото влијание денес е во фокусот на книгата „Византија во дијалог“ од отец Милан Ѓорѓевиќ, професор и продекан за наука и меѓународна соработка на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ која беше промовирана денеска во Скопје.

kniga milanПригодна реч на промоцијата, која се одржа во свечена сала во Соборниот храм „Свети Климент Охридски’ одржа поглаварот на МПЦ-Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан кој подвлече дека името Византија со своето повеќе од 11 вековно постоење направи со христовата светлина да се просветат многу варврски народи која разви своја култура, наука, право, државност, која бдееше врз верата во Христа и беше чувар на учењето на вселенската црква.

– Ниедна друга држава и империја не владеела толку и така и ниедна друга не создала такви дела како Византија. И по повеќе од пет и пол столетија од нејзиното распаѓање живеат и ќе продолжат да живеат спомените за неа. Особено се неизбришливи присуството и влијанијата во богословската мисла, во филозофијата, во иконографијата, во духовноста, во науката воопшто и денес, а верувам и во иднина, рече поглаварот г.Стефан.

Осврнувајќи се на делото „Византија во дијалог“ тој посочи дека авторот на книгата нуди разговор инспириран од личности и дела кои твореле и создавале на просторот и во времето на Византија, а имале и имаат отсјај и влијанија и денес на нашиве простори.

– Неговото ангажирање во темите од неисцрпната тема Византија е потребно и во ова наше време зашто за Визанитја има и што да се слушне и што од неа да се види и што од неа да се научи и секако да се ползува, порача поглаварот на МПЦ-ОА.

Деканот на Православниот богословски факултет во Скопје Ѓоко Георгиевски истакна дека дијалогот бил важен и во Византија како што е важен и денес, а неговата смисла се содржи не толку во можноста да се искаже сопственото мислење, туку да се научи да сослуша она што го зборува другата страна.

Промоторот на делото академик професор д-р Витомир Митевски меѓудругото истакна дека во делото Ѓорѓевиќ посочува оти дијалогот меѓу религиите е незаобиколен.

– Отец Милан го изнесува своето убедување дека не е невозможен глобалниот дијалог меѓу религиите и дека обидите за тоа не се загубено време, вели Митевски.

Авторот отец Ѓорѓевиќ истакна дека неговата цел при составувањето на текстовите за оваа книга не беше дијалогот сам по себе.

– Земајќи го византиското духовно и мисловно предание за цивилизациски столб на нашата вековна култура се исправуваме пред предизвикот современите искуства и предизвици да ги измириме токму со умот на светите отци не со цел да се потчиниме на некаков идеализиран и конзервиран византиски цивилизациски идеал, туку со цел да си го запазиме толото под нозете. Со други зборови да го запазиме дијалектичкиот континуитет на културата што ја идентификуваме како сопствена, вели Ѓорѓевиќ.

Книгата „Византија во дијалог“ од отец Милан Ѓорѓевиќ ја објави издавачката куќа „Магор“ од Скопје.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *