Почетна Верски буквар Промовирана книга „Моденото семејство и бог“ од протоереј ставрофор Панзов
Промовирана книга „Моденото семејство и бог“ од протоереј ставрофор Панзов

Промовирана книга „Моденото семејство и бог“ од протоереј ставрофор Панзов

292
0

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше промовирана книгата „Модерното семејство и бог“ од протоереј ставрофор м-р Горан Панзов од Повардарската епархија со седиште во Велес.

– Делото на Панзов претставува убава можност нашата  поширока општествена и научна јавност да се запознае со специфична проблематика од областа на семејниот живот, родителството и религиозното учење, а  на кое за жал и покрај неговата актуелност, посебно во сложените општествени прилики на живеење е недоволно проучено, односно не му е  посветено потребното научно внимание, рече промоторот на книгата Кети Арсовска Несторовска, проректор за меѓународни односи на Меѓународниот славјански универзитет Г.Р.Державин  од Свети Николе и ментор на Панзов магистерските студии.

Крупните општествени промени кои ги зафатија сите сфери во општествениот систем во периодот на транзиција, дополни Арсовска-Несторовска, нужно ја нагласуваат потребата за научно елаборирање на дерегулацијата на животот и социјалните промени во семејството, во смисла на тоа како тие  се рефлектираат на персоналното функционирање на луѓето со тенденција на се подоцнежно стапување во брак, како и зголемување на бројот на разводи на брак. Книгата претставува импулс на експлорација на бракот-семејството, како и на родителската конструкција која се менува и трансформира во просторот и времето, појасни Арсовска Несторовска.

Авторот на книгата Панзов истакна дека семејството од секогаш било предмет на интерес на општествените и природни науки. Улогата на семејството, според него, се одредува првенствено во однос на подготовката на децата и адолесцентите за нивните улоги во општеството, надвор од  семејството.

– Нема здрава заедница без слободна и здрава индивидуа. Формирањето на религиозната личност почива врз прифаќањето на божјото постоење. Учењето за религијата во себе ги содржи сите полиња на човековата активност, како духовна и материјална индивидуална и општествена, образовна и културна.Т аа ја испитува и превенцијата, ги елиминира сите лоши насоки кај човекот и заедницата. Превенцијата за успешно обликување се состои во семејството. Сликата за семејството е слика за општеството, а религијата го набљудува семејството како мало општество, рече Панзов.

Промоцијата беше збогатена и со презентирање  религиозни и други поуки за животот и семејството од актерката Весна Димитрова Бобевски како и настап на членовите  Младинското студио „Словото“ под нејзино раководство, кое изведоа  поучни драматизации поврзани со темата.

Со прогодна програма настапи и Градскиот црковен хор „Св. Великомаченик Пантелејмон“ под диригентската палка на проф. Славица Ставрева.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *