Папа Лав XIV ќе ја оствари својата прва апостолска посета надвор од Италија, посетувајќи ги Турција и Либан во периодот од 27 ноември до 2 декември 2025 година.
Во Турција, покрај официјалниот дел, Папата ќе учествува во одбележувањето на 1700-годишнината од Првиот вселенски собор, што се одржал во Никеа (денес Изник). Првата станица ќе биде Анкара, каде ќе оствари средба со претседателот Ердоган, по што ќе следи церемонија на обраќање до турските власти, претставниците на цивилното општество и дипломатскиот кор.
На крајот од денот, ќе замине за Истанбул, каде што утредента, на 28. 11, ќе се сретне со бискупи, свештеници, ѓакони, монаси и мисионери во истанбулската катедрала на Светиот Дух. Подоцна, утрото, ќе го посети домот за стари лица на Малите сестри на сиромашните. Истиот ден, со хиликоптер ќе отпатува на Изник — до древната базилика во Никеја — каде ќе учествува во екуменска молитва, во спомен на историскиот собор од 325 година.
Состанокот со Вартоломеј I, поглаварот на Вселенска патријаршија, е предвиден во сабота, попладнето, на 29. 11., во Истанбул. Папата ќе земе учество во Доксологијата во патријаршиската црква „Свети Ѓорѓи“, седиштето на Вселенската патријаршија во Фанар. По службата, тој ќе се сретне со Вселенскиот патријарх по што протоколот предвидува и потпишување на заедничка декларација — чин што има силна симболика кон зајакнување на дијалогот меѓу Католичката и Православната црква. Денот ќе заврши со служење на миса во „Фолксваген Арена“ во Истанбул.
Утредента, Папата Лав ќе присуствува на светата Литургија во патријаршискиот храм „Свети Георгиј“ по што ќе следи заедничко појавување со Вселенскиот патријарх Вартоломеј на балконот од резиденцијата и испраќање на заеднички благослов. Двајцата поглавари, придружени од своите делегации, ќе имаат заеднички ручек.
По завршувањето на програмата во Турција, Папата ќе отпатува во Либан, каде посетата ќе се оствари вопериодот од 30 ноември до 2 декември 2025 година.
Во Бејрут, првиот ден Папата ќе се сретне со највисоките државни претставници, ќе одржи средби со верски лидери и ќе се обрати до претставници на институциите на Либан, претставници на граѓанското општество и членови на дипломатскиот кор.
Папата ќе има напорен ден во понеделник, на 1 декември, кој ќе почне со посетата на гробот на свети Шарбел Маклуф во манастирот Свети Марон во Анаија. Оттаму, тој ќе отпатува до светилиштето на Либанската Богородица во Хариса, каде што ќе се сретне со епископи, свештеници, монаси и мисионери. Утрото завршува со приватна средба со католичките патријарси во Апостолската нунцијатура.
Попладне, папата Лео ќе одржи екуменска и меѓурелигиска средба на Плоштадот на мачениците во Бејрут. Подоцна, на плоштадот пред Маронитската патријаршија во Антиохија во Бкерке, папата Лав ќе се сретне со млади луѓе од Либан.
На последниот ден од своето апостолско патување на Папата, вторник, 2 декември, тој ќе ги посети персоналот и пациентите во болницата „Де ла Кроа“ во Џал Ед Диб. Потоа, Папата ќе има можност за лична молитва на местото на експлозијата во пристаништето Бејрут, што се случи во 2020 година. Потоа, како последен настан од посетата, ќе отслужи миса на бејрутското крајбрежје.
Значење
Оваа посета има големо значење: за Католичката црква — како прва надворешна мисија на новиот папа; за Источно-православниот свет — како акцент на екуменскиот дијалог; и за целиот Блиски Исток — посета и испаѓање оптимистички пораки во време на кризи, војни и миграциски движења.
Според претставници на Ватикан, на ова апостолско патување се гледа како на „повик за мир, дијалог и духовна солидарност“ со цркви и заедници од различни религиски, културни и национални средини.
Со оглед на геополитичките предизвици во регионот, како и на состојбите што ги погодуваат христијанските заедници, оваа патување од страна на Папата се смета за важен сигнал — не само верски, туку и дипломатски и хуманитарен.

