Почетна Вести Прогонот на христијаните во светот добива драматични размери
Прогонот на христијаните во светот добива драматични размери

Прогонот на христијаните во светот добива драматични размери

179
0

Денешните гонења на христијаните во светот, достигнаа невиден размер и ниво на жестокост, покажуваат новите статистички податоци.

Во извештајот подготвен од католичката добротворна организација „Aid to the Church in Need“, се вели дека „денешното гонење на христијаните е најжестоко до сега во историјата“, при што христијаните не само што се прогонувани поупорно од сите други религии, туку и методите за тие гонења стануваат сѐ пожестоки.

Истражувачката група исто така утврдила дека во 12 од 13 проучени земји „состојбата на христијанската вероисповед се влошила во периодот од 2015 до 2017 година, многу повеќе отколку сите 2 илјади години наназад.

„Во многу земји, ситуацијата до проучениот период била толку сериозна што било тешко да се очекува дека би можело уште повеќе да се влоши“, се вели во извештајот насловен како „Маченици и занемарени (2015 – 2017)“, но сепак, и тоа се случило – „со единствен исклучок за Саудиска Арабија, каде одамна традицијата на гонење и угнетување го достигнала својот врв“.

Само за едната 2016 година, до 600 илјади христијани од целиот свет, биле подложени на гонење во една или друга форма.

„Иако точните бројки на постраданите секогаш е тешко да се утврдат… нема никаков сомнеж дека степенот на гонење на христијаните, продолжува да биде енормно висок во многу земји на светот“, стои во заклучокот на овој извештај.

На почетокот на овој месец, познатиот поборник за слободата на совеста и припадник на евангелистичката заедница, Џони Мур, издал книга со лични сведоштва на христијани од целиот свет, кои биле подложени на жестоки гоненија и мачења за верата и со својот личен пример ја потврдиле готовноста да умрат за верата во Христа.

Книгата е приказ за ужасните беззаконија што се прават во повеќе земји, преку историјата на страдањата на обичните луѓе, но исто така и расказ за подвизите за верата на луѓето, не само кај пастирите и духовните водачи, туку и кај обичните христијани, кои покажале најдостојна за восхит херојска цврстина во верата.

/bigorski.mk

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *