Почетна Политичка теологија Професорка по теологија се омажи за Исус Христос
Професорка по теологија се омажи за Исус Христос

Професорка по теологија се омажи за Исус Христос

456
2

Кога професорката од гимназија, Џесика Хејс, одлучила да се мажи, таа го одбрала ни помалку ни повеќе туку самиот Син Божји. 38-годишната жена од Форт Вејн, Индијана, кажала “да” на Исус Христос на црквената церемонија.

sad maz 2Џесика Хејс, професор по теологија во средно училиште, рекла дека донела одлука да се омажи за Исус по години молитви. Таа е сега дел од елитната група на “посветени девици”- жени кои водат строг живот, но не мораат да живеат во конвенции ниту да работат за Католичката црква. Хејс планира да го продолжи својот нормален живот во својот дом, но таа нема да може да се омажи ниту да има секс со било кој до крајот на својот живот.

-Мислам дека во извесна смисла сите ние сме повикани да бидеме во брак”, изјавила Џесика и додала: ”Само е прашање како вие гледате на тоа. Значи, мојот брак со Христос е како и бракот со било кој сопружник. Моите студенти ме прашаа дали сега треба да ме викаат г-ѓа Хејс кога ќе се вратам во училиштето, им кажав дека се уште сум госпоѓица, но сум мажена за Исус.”

sad maz 4Свадбената цремонијата беше спроведена од страна на  бискупот Кевин Ц. во катедрала во која присуствувале повеќе стотици луѓе – главно странци. Хејс изјавила дека е прилично задоволна од посетеноста, иако поголемиот дел од гостите присуствувале од љубопитност.

sad maz 3Многу сум среќна што имаше толку сведоци на венчавката, бидејќи сега можеби повеќе жени ќе слушнат за ваквиот живот и ќе го спомнуваат во своите молитви”, вели Џесика.

За да стане жена на Исус, црквата наведува дека не смее да биде мажена и мора да даде гаранција дека ќе води чист живот. Денес на светот постојат околу 3,500 посветени девици, а 230 од нив живеат во САД. Хејс е прва жена во Форт Вејн, која животот го посвети на Исус Христос.

Коментар(2)

  1. Taa mi e nekoj jak teolog. No sosema normalno, teologijata e isposlneta so bezbrojni fix i imaginarni pretstavi, polna so utopija i mudrost obvitkana vo folija od lagi i halucinacii. Obmna koja covekot si ja stvoril sam od sebesi i vo koja najveke pretstojuva.Se mazila za Hristos, se samati si kazuva za sebesi, uste pa i raboto so studenti, ucenici bilo sto da se .

  2. Ova nitu e profesrka po teologija, nuitu pak tie sto ja ,,izvrsile vencavkata,, se teolozi ili svestenici . Ovde stanuva zbor za nekakva se demonska sekta , kako sto bezbroj gi ima vo posledno vreme. Teologija e zdrava nauka i ne e izraz na fix idei i karakteristika na nezdrav duh, kako sto e ovoj primer za koj vie velite deka ima nekakva vrska so teologijata.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *