Почетна Вести Христијанство Професорите бараат предметот „Eтика на религиите“ да стане задолжителен
Професорите бараат предметот „Eтика на религиите“ да стане задолжителен

Професорите бараат предметот „Eтика на религиите“ да стане задолжителен

920
0

Уште многу пречки стојат на патот на избор на предметот Етиката на религиите. Ова го посочија од Асоцијацијата на професори по Етика на почетокот на семинар на Пелистер на тема ,,Христијанското образование во Европа,,.

Етиката на религиите е изборен предмет во шесто одделение, но од Асоцијата посочуваат дека доколку е задолжителен придобивките ќе бидат многу поголеми.

На семинатор учестуваат и претставници на Бугарската православна црква со цел да се разменат искуства во оваа област.

-Кај нас има интерес, но постојат и технички проблеми за да се изведува настава по предметот религија.,, -вели Александра Карамихалева, претседател на Одделот за надворешни врски при Бугарската Православна Црква.

-Учеството на овој семинар во Македонија за нас е важно за да размениме искуства. И ние се соочуваме со слични проблеми. Тука сакаме да видиме како се работите претставени во учебници и какви се македонските искуства.,,-вели Костадин Нушев, доцент на Богословскиот факултет во Софија.

Семинарот траеше два дена, а посебен акцент беше ставен на улогата на црквата за сочувување на традиционалните вредности во општеството.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *