Почетна Интервју Професор Зајковски: СПЦ дели лекции по канони, а сослужува со непризнати цркви
Професор Зајковски: СПЦ дели лекции по канони, а сослужува со непризнати цркви

Професор Зајковски: СПЦ дели лекции по канони, а сослужува со непризнати цркви

651
0

Профeсорот  д-р Драган Зајковски, медиевист(проучувач на средниот век) и црковен историчар од Институт за национална историја во Скопје, очекува дека од разговорите на комисиите меѓу МПЦ и БПЦ логичко е наскоро да произлезе и договр за меѓусебно сослужување, коа практично ќе значи и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. Тој во интервју за бугарската агенција БГНЕС, посочува МПЦ – ОА во духот на сите позитивни работи кои се случуваат и ќе се случуваат меѓу Бугарија и Македонија им подаде рака на бугарските владици, а сега за очекување е БПЦ тоа да го возрвари.

Тој во интервјуто зборува за недоследноста на српската православна црква, која дели лекции по канони на МПЦ, а воедно сослужува со непризнати цркви

-Ние подадовме рака препознавајќи го историскиот миг. Следуваше позитивен одговор од Светиот синод на БПЦ и формирање на комисии кои ќе дојдат до единственото логично решение, а тоа е заедничкото сослужување и претставување на МПЦ – ОА како автокефална црква сред останатите православни помесни цркви. Уште еднаш се докажа дека првите чекори се најтешки и речиси без исклучок ги прават оние најхрабрите кои се чесни пред Бога. Следно што очекувам е комисиите брзо да ја завршат работата и на радост на сите да ја имаме првата заедничка богослужба и литургиско сослужување, вели професорот Зајковски во интервјуто за Бгнес,

БГНЕС: Очекувате ли реакции во врска со признавањето на МПЦ – ОА од страна на БПЦ?

ЗАЈКОВСКИ: Најголемите реакции веќе почнаа да доаѓаат од Српската и Грчката црква кои важат за мошне блиски сојузници. Според хронологијата на настаните прв со изјава се јави српскиот епископ Григориј кој кажа дека МПЦ – ОА може уште веднаш да испрати датум за започнување на преговори со Српската црква, повторувајќи го ставот дека во тие преговори мора да биде вклучен српскиот архиепископ во Македонија, Јован (Вранишковски). По се изгледа дека во српскиот синод веднаш се запалило „црвеното светло“. Потоа следеше реакцијата на Синодот на Грчката црква, а пред Божик со одделни интервјуа се јавија српскиот владика Иринеј (Буловиќ) и српскиот патријарх Иринеј (Гавриловиќ). Двајцата владици го повторија ставот за непризнавањето на автокефалниот статус на МПЦ – ОА со таа разлика што отворено влегоа во политички „води“ коментирајќи ја средбата меѓу македонскиот и бугарскиот премиер во Струмица. Притоа изнесоа закани дека заедничкото сослужување меѓу МПЦ – ОА и БПЦ ќе биде причина за шизма од страна на СПЦ и грчкиот блок цркви. И додека делеа лекции и цитираа канони, СПЦ на својата интернет страница извести дека во Канада, српскиот епископ Митрофан заеднички сослужувал со архиепископ на Православната Црква во Америка и епископот на Украинската Православна Црква во САД под јурисдикција на Цариградската Патријаршија. Само за потсетување, Американската црква не е признаена ниту од Српската црква, а ниту од Цариградската патријаршија. Произлегува дека СПЦ смее и може да сослужува со непризнати цркви, а БПЦ никако не смее да сослужува со МПЦ. Оттука се поставува дилемата, ако СПЦ ги следи единствено своите интереси, тогаш зошто БПЦ и МПЦ-ОА да не ги следат своите. Очигледно до израз доаѓа традиционалната дволичност на српските владици и особено стравот од македонско – бугарското пријателство.

БГНЕС: Кои се вашите препораки до бугарските владици во врска со односот кон МПЦ – ОА?

ЗАЈКОВСКИ: Она што сакам да апелирам до бугарските владици е следново. Не дозволувајте во Белград, Атина или во Москва да ни се крои заедничката судбина. Деветнаесетиот и дваесеттиот век завршија. Зад нас се поделбите. Донесете решение и веднаш започнете со заеднички богослужби со МПЦ – ОА . Тоа е нешто што најмалку им го должиме на нашите заеднички претци почнувајќи од Светите Рамноапостолни учители Кирил и Методиј и нивните ученици Св. Климент и св.Наум. Нема нешто повозвишено од тоа браќата заеднички да сослужуваат и да се причестуваат од ист путир. Секое одолговлекување им оди во прилог на туѓите интереси на нашите братски народи. Ние чесно, јасно, гласно и недвосмислено ја признавме БПЦ за мајка црква. Следниот чекор, час поскоро, на радост на сите, треба да е една голема заедничка литургија во Охрид, Скопје, Струмица, а зошто не и во Бигорскиот манастир.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *