Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави изградба на нов адреналински парк во Старо Лагово, кој ќе претставува современ простор за спорт, забава и рекреација.

„Во Старо Лагово ќе изградиме нов адреналински парк, место каде што сите љубители на спортот и брзината ќе можат да ја почувствуваат вистинската енергија,“ истакна Проданоски.

Screenshot

Планираниот парк ќе содржи крос-патека, картинг-патека и скејт-парк, со што, како што посочува Проданоски, Старо Лагово ќе стане нова дестинација за спортски активности и активен живот.

Со овој проект, Старо Лагово ќе добие нова динамика и ќе стане магнет за младите, спортистите и сите кои сакаат да се движат, да се забавуваат и да живеат здраво,“ додаде тој.

Проектот е дел од визијата на Проданоски за развој на Прилеп како град со повеќе можности за рекреација, спорт и современа урбана понуда

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...